Реклама

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Македонија

Ѓорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднината

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информира дека изминатиов период се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информира дека изминатиов период се заменети дотраените покриви во скопските средни училишта.

– Со години, додека учениците учеа, а професорите предаваа, покривите над нив прокиснуваа. Со години се знаеше за проблемот, а неговото решавање се оставаше за некое друго време. Како градоначалник, сметам дека ниту една генерација не смее да го помине школувањето чекајќи основни услови за настава. Затоа ги заменивме дотраените покриви. Под тие нови покриви ќе учат и денешните средношколци и генерациите што доаѓаат по нив. Моја одговорност како градоначалник е да ви обезбедам подобри услови за работа, а на учениците да им отворам нови можности – изјави Ѓорѓиевски, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласил дека во градските средни училишта обновени се спортските терени, училниците се опремени со нов мебел, компјутери, лаптопи и интерактивни табли, а обезбедено е и ормарче за секој ученик, како и бесплатни униформи за учениците од прва година и лаптопи за првенците на генерацијата.

Реклама

– Во „Димитар Влахов“ отворивме фризерско-козметички салон каде што учениците го учат занаетот со професионална опрема. Организиравме бесплатен едукативен камп во Охрид, а за оваа зима предвидовме и ски-викенд за средношколците. Иднината на Скопје денес седи во училишните клупи и заслужува да го добие најдоброто од нас – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочил дека во тек е поставувањето фотоволтаици во училиштата, а следната година ќе се градат две нови средни училишта, едно во Драчево и едно во Ѓорче Петров.