Реклама

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Македонија

УЈП му додели специјално опремено патничко моторно возило на Ургентен центар – Скопје

Управата за јавни приходи (УЈП), во рамки на активностите по повод одбележувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи (УЈП), во рамки на активностите по повод одбележувањето на Св. Матеј – Денот на даночните работници,  реализираше активност со поширока општествена вредност, преку примопредавање на специјално опремено патничко моторно возило на Јавната установа од областа на здравството, за потребите на јавните здравствени установи – Универзитетски клиники, завод и Ургентен центар – Скопје, соопшти Управата.

Согласно Одлуката на Владата, возилото се отстапува на трајно користење без надомест на Универзитетски клиники, завод и Ургентен центар – Скопје. Возилото располага со специјализирана опрема, вклучително и пристапна рампа за лица со попреченост.

Возилото, како што е наведено во соопштението, го предаде директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова, а во име на здравствениот систем го примија министерот за здравство Сашо Клековски и директорот на Јавната установа од областа на здравството, за потребите на јавните здравствени установи – Универзитетски клиники, завод и Ургентен центар – Скопје, Башким Бакиу. На настанот присуствуваше и заменик-директорот на УЈП Кемал Кроси.

Реклама

Оваа активност, како што се наведува, е пример за одговорно и рационално управување со државниот имот, при што расположливите ресурси се ставаат во функција на потребите на институциите и граѓаните. На тој начин, јавниот имот добива нова намена и можност директно да придонесе за подобрување на достапноста на јавните услуги. Посебната опременост на возилото, особено пристапната рампа, овозможува дополнителна поддршка за лицата со попреченост и лицата со намалена подвижност, придонесувајќи кон поинклузивен пристап до здравствените услуги.

Од УЈП посочуваат дека одбележувањето на Денот на даночните работници е и можност да се потврди дека улогата на даночната институција не се исцрпува само во наплатата на јавните приходи, туку е поврзана и со пошироката општествена одговорност, грижата за јавните ресурси и нивното користење во интерес на сите граѓани.

– Вредноста на јавниот имот не се мери единствено преку неговата книговодствена евиденција, туку и преку придонесот што може да го даде за граѓаните. Нашата одговорност е со јавните ресурси да управуваме совесно и рационално, овозможувајќи нивно искористување таму каде што можат да создадат дополнителна општествена вредност – истакнала директорката  Петрова.

Таа нагласила дека Управата за јавни приходи останува посветена на принципите на отчетност, транспарентност и одговорно управување со државниот имот, потврдувајќи дека институционалната соработка и рационалното користење на јавните ресурси се важен дел од заедничката грижа за јавниот интерес.