Апликацијата „М-услуги“ треба да стане влезница за многу повеќе поволности за студентите. Од попусти до 50 проценти за различни услуги, до бенефиции што нема да прекинат за време на летниот распуст, викендите и празниците, а со амбиции во иднина да се користат и надвор од Македонија. Наместо досегашната ограничена поддршка за исхрана, Владата најавува цел пакет привилегии, со кои студентите би добиле дополнителни поволности во текот на целата година.
-Нашата цел е да обезбедиме дополнителни привилегии, да користат и поинаков тип на услуги надвор од учебната година, тоа ќе биде дел од м услуги апликацијата, ттреба време…Таа апликација коа ќе стане функ целосно да им овозможи и да се дуплираат или триплираат привилегиите 5-50% за попуст кој сега го немаат… А тоа да го користат и надвор од државата, се задржуваме сега на домашниот пазар за да користат ваков тип на услуги и во период кога не можат да ги користат, изјави Мицкоски.
Студентите без да го слушнат последниот предлог на владата кој треба да ги подобри условите за живот многу повеќе од сегашните, одржаа прес конференција на која го повторија инсистирањето на итно зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк. Тие бараат да остане актуелниот систем со платежни картички, а не парите да ги добиваат преку апликацијта. Во спротивно најавуваат дека ќе излезат на протест.
Очекуваме државата да не испочитува, ќе ни даде до значење, ќе го почитува законот и ќе ги прфати барањата на студентите. Ќе се разочараме ако не не испочитуваат ќе излеземе на протест, долго време изгубивме На разговори, повеќе не можеме да чекаме, изјави Ангела Василева.
Со постојното решение секој студент на картичка добива финансиска помош во износ од 140 денари на ден, односно вкупно 840 денари за целата недела. Владата претходно предложи нов модел на субвенционирање со кој студентите ќе добиваат 4500 денари месечно со ваучери преку апликацијата м-услуги. Субвенциите за студентски оброк се само дел од владината стратегија за поддршка на студентите. Во изминатиов период се реализираат повеќе инвестиции за модернизација на студентските домови, се реновираат факултети и училишта, се инвестира во науката, а надлежните и доделуваат стипендии за секој студент кој ќе ги одбере дефицитарните струки.

