Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Македонија останува посветена на конструктивниот дијалог, партнерството и активното учество во процесите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува посветена на конструктивниот дијалог, партнерството и активното учество во процесите што ја обликуваат нашата заедничка иднина – истакна претседателот на Владата Христијан Мицкоски по завршувањето на Самитот на Европската Унија и на земјите од Западен Балкан во Брисел. 

Во изјавата по средбата Мицкоски нагласи дека нашите очекувања се дека и во овој декемврски извештаен период ќе бидеме најдобри во исполнување на целите од реформската агенда. На средбата, меѓу другото, се зборувало и за дополнување на пакетот што е дел од реформската агенда. Ние како држава, додаде Мицкоски, остануваме и понатаму посветени да испорачуваме проекти од реформската агенда. 

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

Реклама

– Ние очекуваме да добиеме десет проценти зголемување од веќе добиените 750 милиони евра така што посветеноста останува. Ние сме тие кои зборуваме дека е доста од билатерализација, доста е од билатерални прашања, да зборуваме за заслуги, да зборуваме за учинок и ние како Македонија тоа го правиме и тука. Ќе се бориме за она што е наш аргумент, ќе се бориме за македонските граѓани – потенцираше премиерот Мицкоски.

На средбата со европското трио – претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и комесарката за проширување Марта Кос и лидерите од земјите од Западен Балкан, како што рече тој, се разговарало за проширувањето, за реформската агенда, за Планот за раст и за сѐ што следува во периодот што е пред нас.

– Но исто така разговаравме за голем дел од реформите и придобивките што во минатото ги завршивме, како што се СЕПА, „Roam Like at Home“. Практично она за што денеска зборував, е тоа дека откако ги завршивме техничките преговори со ЕК, следна и целосна функционалност и имплементација на проектот „Roam Like at Home“, ќе подразбира дека македонските граѓани кога ќе комуницираат со земјите од ЕУ ќе ги наплаќаат практично услугите исто како да се дома – рече Мицкоски.  

Состанокот продолжува со работна вечера, а утре како што најави премиерот во македонското Собрание ќе одговара на пратеничките прашања. 

Претходно Мицкоски на „Фејсбук“ објави дека на Самитот преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат важни прашања за иднината, соработката и заедничките предизвици.

– Ваквите средби се значајна можност за градење доверба, зајакнување на партнерствата и унапредување на меѓународната соработка. Македонија останува посветена на конструктивниот дијалог, партнерството и активното учество во процесите што ја обликуваат нашата заедничка иднина – потенцира премиерот. 

Лидерите на Европската Унија и на земјите од Западен Балкан денеска во Брисел одржуваат Самит посветен на европската перспектива на регионот, забрзувањето на процесот на проширување, спроведувањето на реформите и зајакнувањето на безбедносната и политичката соработка во услови на сложени геополитички околности.

Самитот, деветти по ред, го организираат претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а учествува и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Како што е најавено од европските институции, средбата е можност ЕУ повторно да ја потврди својата посветеност на членството на земјите од Западен Балкан, но и да ги повика регионалните партнери да ги забрзаат реформите и да ги исполнат преземените обврски на патот кон Унијата. Во фокусот на разговорите се и напредокот во постепената интеграција на регионот во европските политики и единствениот пазар, спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан, регионалната соработка, добрососедските односи и помирувањето.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта пред самитот порача дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија, нагласувајќи дека пристапувањето на регионот е заедничка амбиција и важна геополитичка инвестиција во актуелните турбулентни времиња.