Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Во Гостивар почна кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Центарот за правата на жените „Етика“ од Гостивар со информативна средба ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за правата на жените „Етика“ од Гостивар со информативна средба ја започна кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“. Настанот се одржа на градскиот плоштад во соработка СВР Тетово и Одделението за внатрешни работи – Гостивар, Општина Гостивар, општинската организација на Црвениот крст и Центарот за социјална работа.

На граѓаните им се делеа информативни материјали и летоци, а претставниците на институциите и организациите разговараа со нив и ги објаснуваа облиците на насилство, неговото влијание и важноста од навремено барање помош.

– Соработката меѓу државните институции, локалната самоуправа, граѓанските организации и граѓаните е од суштинско значење за изградба на посебен и поефикасен систем за заштита на жени жртви на насилство. Преку оваа кампања имаме цел да ја подигнеме јавната свест, да го охрабриме пријавувањето на насилство и да испратиме јасна порака: ниту една жена не смее да остане сама во борбата против насилството. Само преку соработка и навремена реакција можеме да изградиме побезбедна средина за сите, рече Себаете Зенку од центарот за правата на жените „Етика“.

Реклама

Таа посочи дека превенцијата, заштитата и заедничката реакција се одговорност на сите нас и ги повика институциите, медиумите, граѓанските организации, бидејќи, како што нагласи, солидарноста и заедничкото дејствување го запираат насилството. Иницијативата има цел да ја зголеми свеста, да ја зајакне превенцијата и да поттикне координирана институционална реакција во целиот Полошки Регион.