Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански оствари средба со претставници на кинеската компанија Shandong Foreign and Technical Cooperation, Gao Jichao маркетинг-менаџер и Shao Xu бизнис-менаџер, на која биле разгледани можностите за меѓународна соработка и потенцијални инвестиции во општината.
На средбата се разговарало за можностите за инвестирање во повеќе области, меѓу кои обновливите извори на енергија и заштитата на животната средина, развојот на туризмот и хотелските капацитети, изградбата и развојот на скијачки патеки, дрвната индустрија, земјоделството и сточарството.
Од Општина Пехчево посочуваат дека општината располага со значителни природни, туристички и економски потенцијали кои можат да бидат ставени во функција на нови инвестиции, отворање можности за развој и поттикнување на локалната економија.
Средбата поминала во пријателска и конструктивна атмосфера, при што двете страни изразиле интерес за продолжување на разговорите и разгледување конкретни можности за идна соработка.
Потенцијалното партнерство, како што додаваат од Општината, би можело да отвори нови перспективи за економскиот развој на Пехчево и да придонесе за искористување на локалните ресурси и потенцијали.

