Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Панел-дискусија „Мајчинството – предизвик на 21 век“

Панел-дискусија на тема „Мајчинството – предизвик на 21 век“ ќе се денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Панел-дискусија на тема „Мајчинството – предизвик на 21 век“ ќе се денеска во Музејот на македонската борба за самостојност, во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

На настанот ќе учествуваат жени од различни општествени, професионални и духовни сфери, кои ќе дискутираат за предизвиците на мајчинството во современото општество.

Како што информира организаторот, целта на панел-дискусијата е да се поттикнат размислувања и размена на искуства за мајчинството, како и поголемо разбирање и поддршка на улогата на жената и мајката.

Реклама

Дискусијата ќе се одвива во рамки на два тематски панели. Првиот, насловен „Општествено реализирани жени-мајки“, ќе ги опфати искуствата на пратенички, носителки на функции во државните институции и претставнички од бизнис-секторот.

Вториот панел, „Мајчинството низ призмата на верските заедници“, ќе биде посветен на духовните и верските аспекти на мајчинството, со учество на претставнички од црквите, верските заедници и религиозните групи.

Од Комисијата посочуваат дека мајчинството не е само лична и семејна одговорност, туку и значајна општествена вредност која заслужува посебно внимание, почит и поддршка.

Со настанот, како што наведуваат, се сака да се афирмираат мајчинството, семејството и достоинството на жената во современото општество.