Меѓународни и регионални технолошки лидери и експерти за вештачка интелигенција ќе учествуваат на конференцијата „Tech Conference 2026: Shaping the Era of Agentic AI“, која ќе се одржи денеска во Скопје.
Конференцијата ќе ги претстави најновите трендови и практичната примена на вештачката интелигенција во бизнисот, со посебен фокус на преминот од AI асистенти кон автономни AI агенти и нивното влијание врз иднината на компаниите.
Програмата предвидува главни предавања, демонстрации во живо, панел-дискусии и презентации на конкретни бизнис-примери, преку кои учесниците ќе добијат увид во можностите и предизвиците од примената на новите технологии.
Меѓу најавените говорници се експерти и претставници на „Microsoft“, „NVIDIA“, „G+D Netcetera“, „Raiffeisen Tech Kosovo“ и други компании од технолошката индустрија.
Настанот, во организација на CTO Professionals Club Macedonia и „Семос Едукација“.

