Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Петрушевски: Надзорната расправа ги демантираше обвинувањата на СДСM за Алта банка, граѓаните и нивните депозити се заштитени

Бране Петрушевски, заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на гостување на една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бране Петрушевски, заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на гостување на една од националните телевизии се осврна на актуелните состојби поврзани со Алта банка, воведувањето администрација и заштитата на средствата на граѓаните и посочи дека надзорната расправа дала јасни одговори на повеќе отворени прашања, нагласувајќи дека не постоеле трансакции меѓу Алта банка Битола и Алта банка Белград, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Добро е што на самата надзорна расправа добивме многу одговори, а тоа е прво дека воопшто нема никакви трансакции помеѓу Алта банка Битола и Алта банка Белград, онаа теза дека се переле пари од Србија во Македонија падна во вода, добивме одговор на прашањето дека е воведна администрација на банката за да се спречи она коешто се случувало во минатото, ако направиме споредба во Еуростандард таму веднаш беше затворена банката, па случајно одредени струмички фирми коишто беа корисници на кредити не ги вратија, случајно тогаш министер поранешен за финансии дента пред да се затвори банката си ги повлече своите пари, својот депозит, сега тоа го нема, имаме администрација со цел да ги заштити токму граѓаните коишто ги користат услугите на Алта банка“, рече Петрушевски и додаде:

„Денеска се функционира по закон, да се заштитат граѓаните, да се заштитат нивните пари и да се демантираат сите лаги коишто ги ширеше опозицијата изминатиот период и предизвика или се надеваше дека ќе предизвика одредено стампедо во банкарскиот сектор и во другите банки се со цел да добие ситни политички поени“.

Реклама

Петрушевски се осврна и на законитоста на преземањето на Алта банка, потенцирајќи дека не постои никакво прекршување на законските одредби и дека станува збор за приватна деловна трансакција во која државата не е учесник, и потсети дека истиот сопственик бил присутен и во 2023 година кога претходната влада одлучувала за воспоставување деловни односи со банката, а ги демантираше и тврдењата за наводно сомнителното потекло на средствата и забрана за купување банки во странство.

„Нема никакво прекршување во законските одредби за влез на Алта банка во Македонија, се работи за купување на приватен субјект, не учествува државата како што било во 2023 година кога на седница на Влада државата кажува да се стапи во деловни односи со Алта банка, истиот сопственик бил тогаш, претпоставувам и тогаш знаеле дека ова коешто го говореа денеска дека не знам какви биле тие пари, црни. Исто е невистина дека Алта банка Белград имала забрана за купување на банки во други држави“, дециден е Петрушевски.