Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Јаневски до Даниловски: Докторе, да е среден век, вие би не искарале ако го објавиме мислењето дека Земјата е тркалезна

Господине Даниловски, првин морам да признам дека сум прилично изненаден од Вашето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Господине Даниловски, првин морам да признам дека сум прилично изненаден од Вашето писмо во кое ја напаѓате МИА (а патем ја искаравте и ТВ „Сител“, срам да им е) за тоа што го објавивме сведочењето на Мајкл Јелдон, експотпретседателот на „Фајзер“, за вакцините против ковид 19 на оваа компанија, а патем и воопшто за мНРА-вакцините, но кога веќе го има, редно е да Ви одговорам.

Приказната со мНРА-вакцините почнува во јуни 2021 кога во поткаст со молекуларниот биолог, д-р Брет Вејнштајн, д-р Роберт Малоун, изумителот на мНРА-технологијата и еден од водечките светски експерти, кој е на листата на Пентагон како човек кој во случај САД да бидат нападнати со биолошко оружје има обврска да состави тим со кој ќе најде лек од постојните лекови, објави дека во документите што „Фајзер“ ги доставил до јапонската влада стои дека наночестичките од вакцината, кои служат како носач, се таложат во јајчниците на експерименталните глувци од женски род.

„Тоа е недозволиво“, рече тогаш Малоун, „и во секој друг случај примената на тие вакцини веднаш би била прекината“. Апсолутно и без дилеми.

Реклама

Патем, д-р Малоун претходно се вакцинирал со вакцината на „Модерна“ и тоа го смета за една од неговите поголеми глупости во животот, но што би рекле старите – здравје.

Во ноември истата година д-р Малоун има интервју со новинарката Кириленко (целото интервју можете да го најдете и на МИА, го пренесовме со дозвола на Кириленко), во кое вели дека „ова (со вирусот и вакцините, м.з.) е најголем експеримент во историјата на човештвото“. Безопасно, нели, кога тоа ќе го каже човек кому САД му ја имаат доверено улогата да ги спасува во случај на напад со биолошко оружје. Најголем експеримент во историјата на човештвото. Безопасно, зар не?

Следува неговата изјава дека „објавата оти спајк-протеинот е безопасен – е лага, а потоа лага е дека вакцината останува во рамото“. А би требало таму да остане, нели?

Па следува неговото интервју во декември истата година кај Дана Лоеш. Во тоа интервју тврди:

„Ова не се лиценцирани вакцини и апсолутно е спротивно на Нирнберншкиот кодекс, на нашето прецедентно право и на федералниот закон на САД… Сите три вакцини, кои се на располагање во САД, се всушност генетска терапија, која е применета за изработка на вакцини. Вакцините со аденовирус се еден вид технологија, мНРА се друг вид технологија… Сите три се инволвирани во вметнување генетски материјал во вашите клетки со цел да ги предизвикаат вашите клетки да создаваат протеин наместо со вакцината да се инјектира тој протеин. Еден од проблемите е што властите не ги принудија компаниите да испитаат и да објават каде тој генетски материјал оди. Сега знаеме дека тој материјал се движи во целото тело и не останува таму каде што е инјектиран како што би требало да биде и како што тврдеа… Нарушени се сите етички норми, нарушени се сите регуларни практики…“

Вие, г. Даниловски, веројатно подобро знаете за Нирнбершкиот кодекс, за етичките норми кои владеат во оваа област и сл. Зар не?

Потоа следат податоците од Хонг Конг. Зборуваме за декември 2021 година: „Последните податоци од Хонг Конг публикувани минатата недела покажуваат дека оштетувањата се јавуваат кај едно дете на секои 2 700 со потреба од хоспитализација (податоците пред пандемијата велат дека таквите појави претходно се јавувале кај едно дете на 100 000). Ова загрижува? Мене – да! Вас?

Па, на Твитер Малоун објавува: „Рано добив повик од поранешен контакт од ЦИА (Мајл Калахан, врвен вирусолог, 4 јануари 2020 година, м.з.) кој ме предупреди за вирусот во Вухан. Собрав тим чија задача беше да најде лек за ковид од постојните лекови и да ги пренамени за лечење на ковид, бидејќи развивањето вакцина за време на епидемија историски трае десет години.“

Значи, за вакцина треба 10 години. Во случајот со Фајзер и Модерна, колку време беше потрошено?

Па, потоа доаѓаат податоците од Луизијана во кои е истакнато дека има „висока појава на неуропатија кај вакцинираните деца (оштетување или дисфункција на нервите, м.з). Податоците говорат дека тоа се јавува кај едно дете на 1 100.“ Интересно, нели?

Но, ајде да го оставам д-р Малоун.

Еве што вели во 2024, д-р Френсис Колинс, директорот на американскиот Центар за болести – ЦДЦ, на прашање на конгресменот Роберт Вендртуп, инаку педијатар, во Конгресот на САД при сослушување во рамки на Поткомитетот за пандемијата на корона вирусот во мај 2024 година:

„Истекувањето од лабораторија веќе не е теорија на заговор“.

Тоа е уште поинтересно, така? Фаучи го тврдеше спротивното, а сите кои го тврдеа истото, од Вашите другари во разни вистиномери и сл. беа жигосувани. А, кога тоа ќе го каже директорот на ЦДЦ, веќе ви потврдува дека тука нешто сериозно не е во ред.

Истиот Колинс, на прашањето „дали гледате докази што поддржуваат шест стапки? (растојание меѓу луѓето во време на Ковид 19, м.з.), вели:

„Не видов докази, не сум сигурен дека ми биле покажани докази во тој момент“.

ПОТКОМИТЕТ: Дали сте виделе некакви докази оттогаш што поддржуваат растојание од шест стапки?“

Д-Р КОЛИНС: „Не“.

А, тоа е тоа што го препорачуваше фамозното СЗО, така?

Па следи Антони Фаучи во август 2024 година кога признава:

„Се заразив пред околу две недели. Тоа беше мојата трета инфекција, а јас бев вакциниран и ревакциниран вкупно шест пати.“

Дали истиот тој не велеше дека со вакцината ќе се спречи епидемијата? Како, ако се вакцинирал шест пати, а сепак се заразил. Да, можеби ќе умрел ако не се вакцинирал, но останува дека е лага се што тој и сите оние кои велеа дека со вакцините ќе се спречи епидемијата, тврдеа и не убедуваа. И потоа, ние сме виновни што се појавиле антиваксери? Грешка сте г-дине Даниловски.

Но, ајде, од прашањето на доверба, да преминеме на прашањето за тоа дали спајк протеинот е токсичен или не.

Во Сенатот на САД, значи во едниот дом на законодавното тело на најмоќната и најдемократската држава во светот, под водство на сенаторот Рон Џонсон, се одржани десетина сослушувања во врска со ковид вакцините и нивната штетност. Сведочеле експерти кои признаваат дека штетност постои, но дека бенефитот е поголем, но ги има и оние, многу повеќе и во поголем број, кои тврдат дека овие вакцини се апсолутно небезбедни и треба да се забранат. Без дилема. Меѓу нив се и:

· Д-р Питер Мекалоу (Peter McCullough) – кардиолог, сведочеше на сослушувањето за миокардитис во мај 2025 година.

· Д-р Роберт Малоун (Robert W. Malone) – сведочеше за регулаторните процеси и политиките за вакцинација.

· Д-р Вафик Ел-Деири (Wafik El-Deiry) – онколог и директор на Центарот за рак при Универзитетот Браун.

· Д-р Ангус Далглиш (Angus Dalgleish) – онколог, сведочеше за безбедносни ризици и поврзаност со рак.

· Д-р Асим Малхотра (Aseem Malhotra) – кардиолог, сведочеше за несаканите ефекти и повлекувањето на научни трудови (ова со повлекувањето на научни трудови е посебно интересно, зар не, г-дине Даниловски?).

· Д-р Сабине Хазан (Sabine Hazan) и д-р Саскија Мостерт (Saskia Mostert) – лекари и истражувачи кои зборуваа за цензура и потиснување на студии (зошто не ни испратите некоја од овие цензурирани студии?).

· Д-р Џоел Волског (Joel Wallskog) – ортопедски хирург кој сведочеше за сопственото искуство со компликации по вакцинацијата.

· Д-р Роберт Саливан (Robert Sullivan) – анестезиолог, сведочеше во рамки на панелот за пријавени повреди од вакцини.

· Д-р Брајан Хукер (Brian Hooker) – биохемичар и истражувач поврзан со организацијата Children’s Health Defense.

· Д-р Тоби Роџерс (Toby Rogers) – истражувач и соработник во институтот Brownstone.

Се надевам г-дине Далиновски дека не ја спорите стручноста на сите овие доктори и научници, па доколку имате нешто против тие што тврдат дека ковид мНРа вакцините се штетни, Ве молам, пишете му на сенаторот Рон Џонсон и искарајте го што ги повикал да сведочат во Сенатот на САД, а обратете се и до нив лично. Не до нас. Не до МИА. Патем, колку за ваша информација, дел од овие сведоштва. МИА ги пренесе. Но, повторно, не не карајте нас, искарајте ги тие во Сенатот и искарајте ги сите овие научници. Ние сме, сепак, само новинска агенција која, ете, си дозволи да пренесе што се случува во Сенатот. Сослушување, кое г-дине Даниловски оди и во живо и може да се следи и на интернет.

И по сите тие соочувања со експерти и со лица кои претпреле здравствени проблеми по вакцинирањето, сенаторот Џонсон изјавува:

„Јавноста останува несвесна за генетската и кардиоваскуларната токсичност и за канцерогеноста на мНРА-вакцините против ковид“

Да повторам што вели сенаторот: „генетска, кардиоваскуларна токсичност и канцерогеност на мНРа вакцините против ковид“. А Вие што велите, дека се безбедни и не карате бидејќи сме го пренеле Јелдон, кој е добар за холандскиот суд, ама не е добар за нас? Зошто не им пишете на тие во Холандија, г-дине Даниловски? Како воопшто се дрзнале да го прифатат сведочењето на Јелдон? И тоа преку видео врска. Срамно, нели, за еден суд во земја со многу поголема доверба во судството од нашите 2 отсто.

Па повторно сенаторот Џонсон, при сослушувањето на американскиот министер за здравство, Роберт Кенеди. Ова се неговите зборови, објавени на МИА на 24 април 2026:

„Во рамките на ФДА (Американската агенција за лекови – ФДА) се разгледуваат, мислам, 96 обдукции на деца починати по мРНА-вакцинитата против ковид. Во тоа мемо д-р Прасад пишува: „Ова е длабоко откритие. Првпат ФДА ќе признае дека ковид-вакцините убиле американски деца. Здрави млади деца, со многу мал ризик од смрт, биле принудени, поради политики на администрацијата, преку училишни и работни обврски, да примат вакцина што може да доведе до смрт. Во многу случаи таквите мерки биле штетни. Тешко е да се чита за случаи во кои деца од 7 до 16 години можеби починале како резултат на вакцините. Ставајќи ги овие факти заедно, застрашувачки е да се помисли дека регулативата за вакцини во САД, вклучително и нашите постапки, можеби нанела повеќе штета отколку корист. Ова бара понизност, саморефлексија и надзор“.

Значи, тие велат „можеби“, но го креваат алармот. Што велите Вие? Ништо, ама не искаравте за Јелдон. А тоа се деца, здрави, без никакави други здравстевни проблеми. 96 обдукции. Колку ги има кои не се направени? Имате податок? Му пишавте на д-р Прасад? А Џонсон вели „ова бара понизност, саморефлексија и надзор“. Не бара суета.

Инаку, сослушувањата во Сенатот се одржани на 21 мај 2025, 15 јули 2025, 4 септември 2025, 9 септември 2025, 29 мај/2 јуни 2026. Прилично многу нели?

Се надевам дека немате ништо против и кон онкологот Далглиш кој токму во Сенатот на САД изјави: „мНРА може да се вметне во ДНК и да активира онкогени“.

Инаку, Далглиш е прилично подиректен. Би Ве замолил да проследите некое од неговите интервјуа во кое директно ги обвинува овие вакцини за т.н. турбо канцери. Ништо страшно, нели, од канцер само се умира. Голема работа. Патем, вчера или завчера беше објавено дека во 2024 година, во Велика Британија е постигнат рекорд со над 1000 ново откриени случаи на канцер на ден.

Да преминам и на д-р Патрик Сун Шионг, човекот кој заработи 10 милијарди долари од изумување и продажба на лекови за хемотерапија, еден од најголемите експерти во светот во областа на онкологијата (кој на почетокот на епидемијата тврдеше дека за да се справиме со ковид, мора да го вакцинираме цел свет) за на крај да каже: „Грешевме“.

Но, тоа е небитно за овие редови. Неговите референци и неговата стручност нема да ви ги пишувам, видете сами, но еве што тој вели во интервју кај Такер Карлсон (пренесено делумно на МИА на 5 октомври 2025 година) :

„Дали е чиста случајност што по инфицирањето со ковид или по примањето вакцина за ковид ги гледаме сиве овие случаи за кои знаеме дека се поврзани со навлегувањето на спајк-протеинот (зборува за појавата на турбо канцери, м.з.)?

Па Карлсон го прашува: „Сепак, чекајте малку. Милијарди луѓе, буквално милијарди луѓе имале ковид. Над една милијарда ја примиле вакцината со спајк-протеинот. Станува збор за огромен процент од населението на Земјата. Да не пропуштив нешто?

На што Шионг одговара: „Сега сфаќате зошто сум толку загрижен. Ова не ми дава да спијам веќе две и пол години. Затоа се откажав речиси од сè само за да се фокусирам на тоа како да го исфрлиме вирусот од телото. Бидејќи решението е да го исфрлиме вирусот од телото. Решението е да се запре воспалението, бидејќи станува збор за хронично воспаление.

А на прашањето „колку долго вирусот останува во човечкото тело (всушност, цело време зборуваат за спајк протеинот, м.з.), тој вели:

„Досега гледаме три години, четири години…“

Еве што вели д-р Шионг во интервју кај Меган Кели:

„… Овој вирус е како ракот. Овој вирус навлегува во секој дел од вашето тело и, кога ќе стигне таму… го користи вашето тело како фабрика. Без разлика дали станува збор за самиот вирус или за спајк протеинот од оваа мНРА вакцина.“

Тоа е тоа г-дине Даниловски. Истиот тој Шионг кој вели дека прв пат гледа рак на панкреас кај 13 годишно дете. Кое му умрело в раце. Знаете во кој контекст го кажува тоа?

Да ја цитирам и д-р Тина Пирс, од нејзиното интервју за МИА:

„МНРА го принудуваше телото да создава спајк-протеин, кој е потоксичен, многу потоксичен од самата инфекција…

Друга работа што се случи со вакцините против ковид е тоа што сите шишенца што биле испитани од неколку независни лаборатории покажале дека содржат нешто наречено SV40, односно Simian virus 40, кој бил користен при производството на мРНА и е многу канцероген“.

Д-р Питер МекКалоу, кого исто така го интервјуиравме, нема да го споменувам. Белким и за Вас веќе не спорно дека мНРА вакцините против ковид можат да предизвикаат миокардитис. Но, ќе го цитирам д-р Николас Халшер, кој вчера-завчера за неколку американски телевизии, срам да им е што го пренесоа, објави дека 9 отсто од сенаторите – демократи во Сенатот на САД доживеале мозочен удар после примањето на вакцината. На возраст од 48 до 63 години. Рано за нив, зар не?

Еве го и д-р Пол Марик, чија стручност, исто така, се надевам не Ви е спорна:

„Знаеме дека ова беше вирус направен од човекот. Знаеме дека вирусот е веројатно еден од најопасните вируси кои се направени. Спајк протеинот е многу токсичен. Тој е проинфламаторен. Прави секакви видови лоши работи. Му наштетува на имунолошкиот систем. Постојат пациенти кои беа вакцинирани во почетокот на 2021 година. Значи тоа е пред околу 5 години. Овие луѓе сè уште имаат циркулирачки спајк протеин од вакцината по 5 години, во висока количина. Значи вакцината не е безбедна. Не е ефикасна. И спајк протеинот, знаеме, не мислам дека постои дилема дека вакцината е поврзана со пораст, таканаречен пораст на ризикот од канцери кои се нарекуваат турбо канцери.“

И можам вака до утре д-р Даниловски. Но, мислам дека за научниот поглед околу мНРа вакцините и ова е доволно.

Тоа што настрана од ова сакам да го потенцирам е дека си дозволувате да одредувате што смееме, а што не смееме да објавуваме. Вие г-дине Даниловски, фактички ни наметнувате цензура, под превезот на научен став кој Вие го пласирате. Што би значело дека ако сме во средниот век, ние не би смееле да ги објавиме мислењата на Галилео Галилеј, Џордано Бруно, Никола Коперник и другите кои тврделе дека Земјата не е рамна плоча и дека Сонцето не се врти околу Земјата, туку обратно. Такво нешто е недозволиво, г-дине Даниловски. Така што, доколку и во иднина имате нешто да и соопштите на јавноста, а сакате тоа да биде преку МИА, слободно пишете ни, и ние со задоволство тоа ќе го објавиме. Но, како што ние не ви кажуваме со кои лекови да лечите, така и Вие не можете да ни одредува што смееме. А што не смееме да објавуваме, само затоа што тие ставови се спротивни на Вашите или на тие од СЗО или од кој било друг.

А посебно не кога тие ставови сакал да ги чуе и судија од суд во една од најдемократските земји на светот-Холандија. Патем, кога зборуваме за Јелдон, кој нели не е релевантен, тогаш, како е релевантна институцијата како Фајзер каде тој бил потпретседател и како да и веруваме на вакцината од таа институција.

Што се однесува до штетите по здравјето што ги претрпеле луѓе од нашето опкружување, како на пример едно момче кое по вакцинацијата остана неплодно, жена која разви рак на дојка итн. во оваа прилика нема да зборувам. Затоа што да се работи и само за еден случај, токму затоа што сме државна агенција, ние сме должни да предупредиме. Исто како што сме должни да укажеме и на таа ако само една жена, а не десетици и стотици се изложени на семејно насилство.