Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Прилози

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Цигарите се евтини, но последиците се скапи. Секој втор граѓанин на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цигарите се евтини, но последиците се скапи. Секој втор граѓанин на Македонија е со цигара во уста, а ако се додадат корицниците на електронските цигари, бројот на пушачи достигнува загрижувачки 54 проценти. Предупредувачки е податокот и за лесната достапност на цигарите до малолетниците. Повеќе од две третини од нив биле услужени кога побарале да купат. Податоците од новото истражување на Аналитико покажуваат дека не само што пушењето е широко распространето, туку се зголемува и интензитетот на конзумација. Повеќе од една четвртина од пушачите трошат над 20 цигари дневно, а 40% пушат од 10 до 20 на ден.

„Загрижувачки податоци имаме за откажувањето, секој десетти пробал да се откаже, но најмногу што издржале е само 2 ипол месеци. Како причина за откажувањето кај 47% била високата цена, а 36% бидејќи добиле совет од лекар.“ – вели Тамара Мијовиќ Спасова, програмски директор во „Аналитико“.

За Светската здравствена организација ова не е само здравствен проблем туку и сериозен удар на семејниот буџет. Пушач на само една кутија цигари дневно, месечно троши 5000 денари, а годишно сума надминува 600 евра.

Реклама

Последици од парите вложени во тутунски производи, може да бидат ракот, срцевите и респираторните заболувања, но опасноста по здравјето не завршува кај активните пушачи. Чадот го вдишуваат и сите околу нив.

„Знам дека многумина ќе се спротивстават на ова тврдење, аргументирајќи дека државата остварува приходи од даноците на тутунските производи. Но, ако се земат предвид реалните бројки, проценките покажуваат дека државата остварува меѓу 11 и 18 милијарди денари годишно од тутунските производи. Од друга страна, трошоците предизвикани од последиците на пушењето надминуваат 13 милијарди денари годишно.“ – вели Аким Али, претставник од СЗО.

Надлежните во гледаат решението во повисоки цени на цигарите, ограничување на пристапот како и поддршка за оние кои сакаат да се откажат – мерки што треба да се регулираат со усвојувањето на новиот закон за заштита од пушење.

„За мене е посебен фокус треба да се стави кај продажбата на малолетници под 18 години, не може да се пушти во затворен простор, не може да се продаваат и на деца под 18 години. Ако ја поврземе цената со здравственото осигорување не е лошо да се разгледа и идејата дел од акцизите да бидат наменети за здравствено фонд, наменски да одат за третирање на последиците“– вели министерот за здравство Сашо Клековски.

Предлог  законот за заштита од пушењето засега предвидува строги правила за употреба на сите видиви на цигари во јавните простории како и во угостителските објекти.