А во собраниската Комисија за финансирање и буџет продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени вкупно 400 амандмани. Продолжението следи откако деновиве веќе беа разгледани 12 амандмани поднесени од опозициските партии, кои не добија поддршка од Комисијата. Дел од нив се однесуваа на обезбедување дополнителни средства за активности поврзани со заштитата на Охридскиот Регион, изработка на детални урбанистички планови, зајакнување на капацитетите на Државниот инспекторат за животна средина, како и за реализација на инфраструктурни и еколошки проекти во повеќе општини.
Во Предлог-буџетот за 2027 година вкупните приходи се планирани на 395,4 милијарди денари, што е за 5,7 проценти повеќе во однос на годинава, додека расходите се проектирани на 440,4 милијарди денари или за 4,8 проценти повеќе во споредба со 2026 година. Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП, а за капитални инвестиции се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, додека за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии.

