Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, демантираше дека синоќа доживеал сообраќајна незгода, појаснувајќи дека со неговото возило само заглавил во калта на раскопаните тротоари, по што брзо бил извлечен.
Неговата реакција следи откако на социјалните мрежи се појави видеоснимка на која се гледа како тој седи во оштетено возило, кое е очигледно навалено и пропаднато на едната страна. Околу него се собрале и граѓани за да видат што се случило. Тој, пак,
Тврди дека не се случила никаква несреќа, туку автомобилот шлајфувал во кал, при што веројатно настанала и објавената снимка, додавајќи дека со помош на пријатели и случајни минувачи возилото било ослободено за помалку од десет минути, по што заминале на кафе. Во обраќањето тој остро им одговори и на злонамерните и тенденциозни коментари, порачувајќи дека навредите, љубомората и тврдењата дека бил пијан нема да ја променат реалноста на оние што ги пишуваат, туку ги повика да се посветат на работа на себе и на позитивни вредности наместо на омраза и „мудрување“.

