Надзорната расправа за Алта банка конечно ќе продолжи, ама кој се ќе присуствува на седницата е неизвесно. Така барем тврди претседателката на комисијата за финансирање и буџет Сања Лукаревска, која по долго тактизирање и одолговлекување со закажување на продолжението на расправата, сега спори кој се ќе бил таму и дали поканетите воопшто ќе се појавеле. Ваквата тактика на СДСМ е во услови кога се разобличи дека токму тие од позиција на власт правеле деловни контакти со српската банка и нејзиниот сопственик. За пртатениците од владејачкото мнозинство ова е уште една потврда дека СДСМ само купува време, одолговлекува и сака да прави тема од нешто што не држи. Редно е велат на случајот да му се стави крај:.
„Одговорноста за одоговорнста за организирање надзорнба расправа е кај нив. Тие се одговорни за носење на гостите и комуникацијата со ниц. Несериозно е вие да организирате надзорна расправа, а од денес за утре да ги каните сведоците. Ајде малку посериозно, ајде утре да усвоиме заклучоци, утре да заврши надзорната расправа и да ставикме крај на оваа тема, која се штити врз основа на лажни претпоставки од страна на СДСМ“, вели Бојан Стојановски, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ.
Но СДСМ очигледно не сака крај и продолжува со стратегијата на ширење паника. По кривичната пријава за гувернерот со која бараа тој дути и да биде отстранет од функцијата додека се расчистува случајот, сега шпднесоа и интерпелација за Трајко Славески.
„Славески самиот кажа дека се слушнал со Мицкоски за банката. Како оценија дека е безбедно ваква банка да влезе на нашиот финансиски пазар и на тој начин е загорзен целиот банкарски сектор. На Надзорната расправа премиерот брутално излажа дека релација со Алта банка направила владата на СДСМ и мавташе со некој документ. Видовме кој ја донесе и во кој временски период“, вели Венко Филипче, претседателот на СДСМ.
Упорноста на СДСМ кулминира во период кога банката не само што работи нормално со клиенти, туку за неа веќе има и конкретен интерес за купување. Берзанската аукција за продажба на битолската банка е закажана за 30 ноември. Засега, само Комерцијална банка официјално изрази интерес да ги купи акциите на банката.

