Убиство, самоубиство, насилство, сообраќајка, трагедија. За образованието, за здравството, екологијата, индустријата и за што уште не. Слоганите како да се подготвени уште пред да се знае за што ќе се протестира. Невладиниот сектор во Македонија, наместо да го канализира граѓанското незадовослтво и да биде мотор за промени, со своето оркестрирано делување за било што, повеќе се наметнува како параполитичка структура која работи во полза на партиите. За време на владењето на минатата власт, повеќето од нив мируваа, како да немаше трагедии, за сега по промената, се протестира за се и сешто. Често, како во случајот со Фросина, но и последниот со младата Сара, семјствата дури мораа да се оградуваат и да бараат да не се политизираат нивните трагедии. Практично, граѓанскиот простор во Македонија не е независен и автономен, туку е окупиран со организации коишто главно се финансирани однадвор и со политички амбииции поврзани со СДСМ и со нивни фракции.
Сме имале ситуации овој невладиен сектор кој се бори за да дојде СДСМ на власт. Се борат дури и за внатре во партијата кој која функција да ја зазеде. Јавно велат не сме заинтересирани за власт, а веднаш по смената на власта, се пикаат внатре. Имаме такви случаи досега. Во СДСМ има функционери кои доаѓаат од овој сектор, вели Цветин Чилиманов, аналитичар и колумнист.
Ваквите популарно наречени „ЕН-ЏИ-ОА„, главно се застапници на екстремните либерално-левичарски поитики како неограничаена миграција, редефенирање на поимот семејство, или што е маж, а што жена и неиздржани политики во економијата, социјалната сфера, индустријата и екологијата. Сето ова според Чилиманов, е дел од тоа за што се борат невладините и тоа не само во Македонија, туку на ниво на цела планета.
Во вакви околности, заклучува Чилиманов, вистинските граѓански здруженија што се занимаваат со локални, хуманитарни или стручни прашања остануваат на маргините, без пристап до фондови и медиумски простор. Сè додека граѓанскиот активизам се користи како отскочна даска за политички функции и спроведување туѓи агенди, довербата на граѓаните во невладиниот сектор ќе продолжи да опаѓа.

