Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година за кој се поднесени вкупно 400 амандмани од овластени предлагачи.

На вчерашното продолжение на седницата беа разгледани 12 амандмани поднесени од опозициските партии, кои не добија поддршка од Комисијата. Некои од нив се однесуваа на обезбедување дополнителни средства за активности поврзани со заштитата на Охридскиот Регион, изработка на детални урбанистички планови, зајакнување на капацитетите на Државниот инспекторат за животна средина, како и за реализација на инфраструктурни и еколошки проекти во повеќе општини.

Разгледани беа и амандмани за доизградба на колекторскиот систем и пречистителна станица во Крива Паланка, набавка на комунална механизација за општините Карпош и Куманово, како и за уредување речни корита во липковските села Матејче, Оризари и Слупчане.

Реклама

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, образложувајќи го отфрлањето на дел од амандманите, посочи дека предложените активности веќе се предвидени и ќе се реализираат во рамките на постојните буџетски средства и програми на Владата.

Во предлог-буџетот за 2027 година вкупните приходи се планирани на 395,4 милијарди денари, што е за 5,7 проценти повеќе во однос на годинава, а расходите се проектирани на 440,4 милијарди денари или за 4,8 проценти повеќе во споредба со 2026 година.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП, а за капитални инвестиции се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, а за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии.