Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Со сослушување сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На последното рочиште сведочеше Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот Дејан Јованов, која пред судот изјави дека во објектот имало противпожарни апарати, панични светла и означени излези, како и дека пиротехника се користела и на претходни настани во дискотеката.

Таа сведочеше дека противпожарни апарати биле поставени кај главниот влез, бината и шанковите, а панични светла имало кај повеќе излези од објектот. Јованова изјави и дека при нејзините посети во објектот често забележувала полициски контроли, при што, како што рече, се вршеле проверки на лични карти и се контролирале влезот и излезот на посетителите.

Реклама

Пред судот сведочеше и столарот Сашко Зафиров, кој изведувал внатрешни работи во објектот во 2012 и 2024 година. Тој изјави дека бил ангажиран усно од Дејан Јованов и дека неговата работа се состоела во поставување дрвени панели врз претходно изработени метални конструкции, како и доработка на сепарињата во 2024 година. Според неговиот исказ, при работите во 2024 година не биле вршени интервенции на покривната конструкција.

За денешното рочиште одбраната на првообвинетиот најави сослушување неколку сведоци, меѓу кои вработена во „Пулс“, пиротехничар ангажиран од дискотеката, соработник на музичката група ДНК, угостител од Гевгелија, вработен во противпожарната служба, како и лица што учествувале во внатрешното уредување и во раното работење на објектот.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по пожарот што се случи на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.