Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Саем за студии во Франција во НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје

Во НУБ „Св. Климент Охридски“  денеска од  11 до 16 часот ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во НУБ „Св. Климент Охридски“  денеска од  11 до 16 часот ќе се одржува традиционалниот Саем за студии во Франција, кој го организира Францускиот институт во Скопје и француската агенција за високо образование „Кампус Франс“.

На саемот ќе се претстават шест француски високообразовни институции. Меѓу нив се четири државни универзитети чија образовна понуда опфаќа широк спектар на области – од природните и техничките науки, медицината, правото, економијата и општествените науки, па сè до спортските науки, уметноста и креативните индустрии.

Ќе се претстави и приватна школа специјализирана за графички дизајн, анимација, видеоигри и аудиовизуелни уметности БРАСАР, како и приватната школа КЕЏ Бизнис скул, која нуди студии по бизнис, менаџмент и сродни области.

Реклама

-Ова е одлична можност за македонските средношколци и студенти да ги добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција. Но, исто така, и за остварување  контакти и договори за соработка помеѓу француските и македонските универзитети, се наведува во најавата за настанот кој во 12 часот официјално ќе го отвори амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер.