Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Едукативна трибина за хроничната бубрежна болест, донирањето органи и трансплантацијата

Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон” денеска во Европска куќа (Europe House)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон” денеска во Европска куќа (Europe House) во Тетово (во објектот на Центарот за култура) ќе организира трибина на тема „Да зборуваме за хроничната бубрежна болест, донирањето органи и трансплантацијата”.

Целта на едукативната трибина, која „Нефрон“ ја организира во соработка со ПЗУ „Нефроплус”, е да се развие дијалог и со населението да се споделат искуства и знаења за донирањето органи и трансплантацијата. 

-Трибината е посветена на подигнување на јавната свест, правилното информирање и отворениот разговор за хроничната бубрежна болест, органодарителството и трансплантацијата. Преку стручни информации, размена на искуства и непосредна комуникација со граѓаните, ќе разговараме за можностите за лекување на бубрежните заболувања во регионот, како и за значењето на донирањето органи и трансплантацијата како највозвишен чин на хуманост во спасувањето човечки животи, соопштија организаторите. 

Реклама

На трибината ќе се обратат Душко Ѓоргиев претседател на Здружението „Нефрон”, Ирма Беадини Камбери и Јасминка Звездаковска од „Нефроплус” и Билјана Кузмановска, национална координаторка за трансплантација, како граѓани кои ќе зборуваат личните икуства.