Реклама

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Македонија

Почна чистењето на речното корито на Кумановка

Започнаа активностите за чистење и уредување на речното корито на реката Кумановка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започнаа активностите за чистење и уредување на речното корито на реката Кумановка, информираше денеска градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Работите опфаќаат отстранување на отпадот, продлабочување и расчистување на коритото, како и отстранување на ниската вегетација. За реализација на активностите, Општина Куманово склучи договор со фирма од Скопје во вредност од 1,5 милиони денари без ДДВ, односно 1,77 милиони денари со вклучен ДДВ.

Според достапните документи на електронскиот систем за јавни набавки, фирмата ќе изврши чистење и одржување на речното корито на територијата на општината. Предвидени се машински ископ и продлабочување на коритото, товарење и транспорт на земја, ѓубре, шут и друг отпаден материјал, изработка на насипи, како и сечење и отстранување на вегетацијата. Во финансиската понуда се предвидени 1.400 кубни метри машински ископ на материјал до градската депонија, 780 квадратни метри расчистување од ниска жбунеста вегетација, како и ангажирање градежна механизација и транспортни возила.

Реклама

Димитриевски преку објава на социјалните мрежи апелираше до граѓаните да не го фрлаат отпадот во реката и да придонесат за почиста животна средина.

-Реката не е место за отпад! Да не загадуваме, туку да бидеме дел од промената-порача градоначалникот.

Кумановци постојано споделуваат фотографии и видеа како несовесни граѓани истураат градежен шут, облека, мебел во речното корито. На неколку локации има насобрани пластични шишиња, текстил кој освен што изгледа грдо, го стеснува и речното корито. Граѓаните бараат поставување на видеонадзор и соодветни санкции за несовесните.