Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Почна реставрацијата на штипскиот извор Л’џи

Во штипско Ново Село почна реставрацијата на термоминералниот извор Л’џи, со европски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во штипско Ново Село почна реставрацијата на термоминералниот извор Л’џи, со европски пари. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов и директорот на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Трајче Здравков на денешната прес-конференција информираа дека ќе се реставрира една куќа во историската населба Ново Село и сместувачкиот капацитет на Градската бања „Кежовица“, која е работна единица на ЈП „Исар“-Штип. 

-Тоа што во моментов се случува е почеток на овој проект. Морам да напоменам дека се започнува со уредување на локалитетот Л’џи. Согласно проектот, овде се планирани нешто повеќе од три милиони денари, средства да бидат инвестирани во ново уредување на локалитетот Л’џи, кој е симбол на Ново Село, симбол на Штип. Тоа кое што сакам да го потенцирам е дека финансиските средства се обезбедени преку пограничната соработка со Бугарија, преку Центарот за развој на Источно планскиот регион и општина Штип. Дополнителен буџет одвоивме од буџетот на општина Штип, за да можеме да го заокружиме и реализираме целиот овој проект, кој предвидува реставрација на една куќа во Ново Село, реставрација и уредување на локалитетот Л’џи и реконструкција на сместувачкиот капацитет во бањата Кежовица-изјави Јорданов.

Штипскиот градоначалник Јорданов потенцира  дека паралелно на овие средства кои се обезбедени преку пограничната соработка, општина Штип има предвидено и  дополнителен буџет за 2027 година.

Реклама

– Паралелно на овие активности се предвидени реставрација и фасадно уредување на десетина куќи во Ново Село, со што тоа кое што го имаме како цел е да  Ново Село биде Музеј на отворено и секој посетител, секој кој ќе дојде во ова маало и во оваа населба, едноставно да го добие тој автентичен изглед и претстава за автентичниот изглед историското Ново Село. Освен ова, она коешто како локална самоуправа го планираме е расчистување на речното корито, реставрација на мостот кај локалитетот Л’џи, нешто кое со години наназад имало потреба да се случи, целосно да се уреди, да се осветли и да биде едно соодветно место за, не само за новоселци, туку и за сите кои ќе доаѓаат, да се запознаат со богатото културно-историско наследство на нашата општина-рече Јорданов.

Директорот на Центарот за развој на Источно плански регион, Здравков рече дека проектот за реставрација на изворот Л’џи во Ново Село, реконструкцијата на една куќа и на сместувачките капацитети во бањата Кежовица се финансирани преку меѓуграничната соработка со Република Бугарија, каде што водечки партнер е Центарот за развој на Источно планскиот регион.

– Со овој проект сакаме да придонесеме Ново Село да го добие својот посакуван лик и да биде една туристичка дестинација на луѓето од Македонија, но и на луѓето од регионот. Поради тоа ги ставивме овие три активности во овој наш проект. Инаку ,преку овој проект исто така и во општина Пробиштип се финансира изградба на планинарски дом, реконструкција на планинарски дом и во општина Кочани мултифункционално игралиште. Значи, активностите веќе во трите града се започнати и очекуваме во првото тримесечје од наредната година да бидат завршени-изјави Здравков.

Тој појасни дека реконструкцијата на куќата во Ново Село ќе биде опремена и со мебел и предмети, која туристите ќе можат да ја посетуваат, а овој нов музеј ќе биде под ингеренции на општина Штип.