Реклама

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Прилози

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Образованието да биде достапно за секој што сака да учи, без разлика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Образованието да биде достапно за секој што сака да учи, без разлика на возраста и можностите. Нова професија, нови вештини и нови шанси за вработување нуди Центарот за едукација на возрасните граѓани. Тие имаат можност за обуки доколку сакаат да го надоградат своето знаење, со што ќе им се зголемат опциите да сменат професија согласно барањата на пазарот на трудот.

„Имаат разни видови на обуки, прво можат да дооформат образование што го немале или не го завршиле. Потоа можат да побараат некаков вид на доквалификација или реквалификација, од една струка да поминат во друга струка. Она што е важно, ние почнавме и со такви активности и во поправните домови и во затворите, што досега не беше случај. Значи активности имаме, но треба и промоција за луѓето да знаат кои им се можностите и денеска токму тоа и го правиме“, рече министерката.

Конкретен чекор кон поголема достапност на образованието за возрасните е и акредитацијата на седум регионални центри за стручно образование и обука во Куманово, Тетово, Охрид, Велес, Струмица, Битола и Штип, со вкупно 57 обуки за стекнување на различни квалификации.

Реклама

„Образованието на возрасните е инвестиција што се исплатува. Според стратегијата за образование на возрасните 2025-2030, истражувањата покажуваат дека секое вложено евро честопати носи трајна корист за економијата и општеството и нуди можност на граѓаните за полесно вработување, повисоки примања и активно вклучување на пазарот на труд.“ – вели директорката на Центарот за образование на возразните Наиме Ислаими Зеќири.

Создавање функционален систем за образование на возрасните е една од реформските насоки на Министерството за образование и наука во изминатите две години. Развојот на овие центри е дел од Стратегијата за образование на возрасните 2025-2030. Донесен е нов Закон за образование на возрасните, зајакнат е Центарот за образование на возрасните, а поедноставени се и процедурите за признавање на знаењата и вештините стекнати надвор од формалното образование.

Европскиот просек на вклученост на возрасните во образовниот процес изнесува  47 проценти и тоа е целта кон која се стреми земјава, со сегашните 25 отсто вклученост.