Полесно до сопствен дом за младите брачни парови до 35 години со новите мерки за домување. Граѓаните ги поздравуваат најавените мерки од страна на премиерот Мицкоски и се надеваат дека на многу брачни парови ќе им биде решено станбеното прашање. Очекувањта се дека ова ќе биде мотив младите да останат, даработат и создаваат семејство во Македонија. Дел пак веруваат дека за да се намали иселувањето потребни се и дополнителни стимулирачки мерки.
–Супер е за мерката за младите брачни парови до 35. Реално многу е тешко моментално да си обезбедиме како млади свое живеалиште кров над глава. Така да супер.
– Во ред е мерката ако се оствари. Мислам дека е во ред.
-Јас можеби колку и да звучи глупаво јас си имам некаква надеж, јас сакам да останам овде и мислам дека генерациите после мене што се повеќе сакаат да останат овде.
-Да биде како што е кажано не само на ТВ.
-Па добро е тоа 20 посто поефтино за становите тоа е добра идеја– велат граѓаните во анкетата.
И студентите се задоволни од планот за новите м услуги со кои ќе имаат поволности за обезбедување на оброк. Особено оние кои доаѓаат од внатрешноста, а месечно имаат и дополнителни трошоци.
-Сметаме дека стварно се многу подобри за нас. Посебно за тие што се деца од други градови, што студираат и што учат.
-Бидејќи јас сум од Битола јас треба да наожам стан во Скопје и секогаш цените се малку страшни особено искрено мораш секогаш да наожаш цимер. Така да и тоа е многу дорбо мислам, многу добро нешто што сакаат да го воведат–велат студентите во анкетата.
Министерката Јаневска ќе се сретне со претставниците на студентите за да се договорат деталите за попустот кој ќе го добиваат.
-Се додека немаме конечен став од студентите ние го разработуваме овој модел. Во сите оператори што ќе ги избере Владата ќе добиваат 20 посто попуст на тоа што ќе го земат со тие средства и 20 посто попуст на се друго во тој оператор–вели министерката за образование Весна Јаневска.
Во игра се повеќе опции –електронска апликација, ваучер или картичка. Конечниот став ќе биде донесен по консултациите со студентите.

