Министерот за здравство Сашо Клековски попладнево го честиташе 22 Ноември – Денот на албанската азбука на својата Фејсбук-страница.
– Денеска бев на свечената седница на Владата по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука. Пред 118 години, од 14 до 22 ноември 1908 година, во Битола се собраа албански преродбеници и од неколку различни правописи создадоа една заедничка азбука. Одлуката што го обележа албанскиот јазик е донесена овде, во нашата земја. Македонската азбука е стандардизирана во 1945 година, во Скопје. Две писма, настанати на иста почва и изградени на ист принцип – една буква, еден глас. Истовремено, на граничниот премин „Ќафасан“, премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Албанија, Еди Рама, го пуштија во работа интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“, едно застанување наместо две, за неколкуте милиони патници што годишно го минуваат овој премин – напиша министерот.
Тој додаде дека односите се градат со вакви конкретни работи и со почит кон јазикот на другиот.

