Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Прилози

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Внимателно да се следат децата од страна на родителите со кого и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Внимателно да се следат децата од страна на родителите со кого и на каков начин комуницираат на социјалните мрежи посочуваат психолозите. Во онлајн просторот ги демнат голем број опасности затоа е многу важно да се следат нивните реакции и однесувања.  Посочуваат на одредени знаци кои би можеле да укажат  ако се изложени на влијание или притисок на онлајн групи, особено по предупредувањето за групата ,,764’.

-Најчесто тоа што се покажува кај децата е еден вид на повлекување, промена на расположение или осцилација во однос на расположение од еденн момент расположено дете кон повлечено дете, намуртено несигурно, тие се првите симптоми што треба да се видат. Намалување на социјалниот круг исто така, намалување на желбата да се дружат со другарчиња да одат на одредени настани да учествуваат во други активности–-вели психологот Фики Гаспар.

Психолозите велат дека  многу е важно  да приметат  какво им е расположението особено по користењето на мобилен телефон. Додаваат дека исто така важна е и улогата на наставниците  да забележат дали има некои промени во однесувањето. Намален успех, намалена концентрација на часовите, немање мотивација, се знаците кои треба да бидат сигнал дека детето се соочува со некој проблем. Ако постои ваков сомнеж потребно е веднаш да се реагира за да се вклучат стручни лица.

Реклама

-Контролата е важна да, многу зависи нели за која возраст се работи  додека збориме за адолесценти кои што се да кажеме веќе во средни  крајните години на средното училиште  тие се повозрасни малку по независни и со нив треба јасна комуникација, следење во однос на соработка помеѓу родителот и детето, следење на што е тоа што комуницира и голем фокус на објаснување кои се потенцијалите за комуникација со одредени лица-вели психологот Фики Гаспар.

Екпертите велат дека многу е важно навреме да се детектира проблемот за да не дојде до несакани последици. Додаваат дека позади една обична онлајн комуникација може да се кријат сериозни притисоци и уцени и токму поради тоа треба навреме да се заштитат младите од насилни онлајн групи.  Апелот од експертите  следи  откако МВР  предупреди дека опасна онлајн заедница ,,764” дејствува во Македонија. Членовите на групата воспоставуваат контакт со деца преку популарни апликации, социјални мрежи и видеоигри.