-Ќе се осветлува десната страна од булеварот на излезот од Струмица кон границата со Бугарија во должина одоколу еден километар, која со години не беше осветлена, соопштија од Општина Струмица.
Како што соопштија од локалната самоуправа ќе се осветлува делот на булеварот од „Жито Струмица“ кон „Мало стопанство“.
-Со цел да се обезбедат подобри услови за движење, поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот и поквалитетна осветленост на просторот, сите канделабри се отстранети и пренесени во комуналното претпријатие, каде што ќе бидат бојадисани. Предвидена е и целосна замена на подземната електрична инсталација.Реконструкцијата е дел од активностите на Општина Струмица за подобрување на комуналната инфраструктура и создавање побезбедна и пофункционална урбана средина, се наведува во соопштението.
Се додава дека градоначалникот Петар Јанков го посетил ЈПКД „Комуналец“, каде заедно со директорот Кире Синдраковски и со директорот на ЈП „Паркиралишта Струмица“, Александар Петровски, направи увид во текот на активностите за реконструкција на уличното осветлување во овој дел од градот.
На крајот во соопштението се посочува дека во следниот период ќе ќе се завршат и останатите фази од реализацијата на проектот за целосно осветлување на булеварот.

