Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Проф. д-р Армен Жарноски ќе одржи предавање за урбаната структура на Скопје, Охрид и Штип од XV до XVII век

Во организација на Институтот за национална историја денеска ќе се одржи XVI…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Институтот за национална историја денеска ќе се одржи XVI студиски ден, во чии рамки проф. д-р Армен Жарноски ќе одржи предавање на тема „Урбаната структура на Скопје, Охрид и Штип (XV-XVII век): анализа на неколку вакафнами“.

Настанот ќе се одржи во просториите на Институтот за национална историја, а ќе биде посветен на истражувањето на урбаниот развој на три македонски градови во периодот од XV до XVII век, преку анализа на вакафнамите.

Студиските денови на Институтот за национална историја се воведени кон крајот на 2022 година, со цел да се овозможи размена на научни знаења и искуства, како и презентација на најновите истражувачки резултати и активности на научниот кадар.

Реклама

Координатор на Студиските денови е проф. Билјана Ристовска-Јосифовска, а соработници се професорите Наташа Диденко и Владимир Јанев.