Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кристоф Камп денеска ќе го посети Собранието на Македонија.
Како што е најавено, Камп ќе одржи средба со Комитетот за односи меѓу заедниците.
Средбата е закажана за 15:30 часот, во салата на Уставната комисија.

