Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Вештачката интелигенција во правосудството во фокусот на дебата во Скопје

Вештачката интелигенција во правосудството, нејзините можности за унапредување на ефикасноста на судските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелигенција во правосудството, нејзините можности за унапредување на ефикасноста на судските постапки, но и предизвиците поврзани со заштитата на човековите права, транспарентноста и одговорноста, ќе бидат во фокусот на дебатата „Вештачката интелигенција во правосудството: можности и предизвици?“ што  ќе се одржи денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Настанот го организираат Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“, Националната школа за судии и јавни обвинители (ENM) и Експертиз Франс.

Дебатата ќе ја отворат францускиот амбасадор во земјава,  Кристоф Ле Риголер и деканот на Правниот факултет, проф. д-р Сашо Георгиевски.

Реклама

На дискусијата ќе учествуваат Емануел Лодик Барон, заменик-директорка на Меѓународниот оддел на ENM и експерт за дигитализација и вештачка интелигенција во обуката на судиите, обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, универзитетската професорка Тања Каракамишева Јовановска и Диме Галапчев, основач и директор на ФинкАП.

Во контекст на реформите што земјава ги спроведува на својот пат кон Европската Унија, дебатата ќе овозможи размена на француските и македонските искуства и практики, со цел да се разгледаат условите за етичка и одговорна примена на вештачката интелигенција во правосудството.