АХК Северна Македонија во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) денеска организира информативен настан за новата законска рамка за ангажирање лица за сезонска, привремена и повремена работа, како и за новата дигитална платформа за електронско пријавување и одјавување работници.
Како што е најавено, целта е работодавачите да се запознаат со новите законски можности и практичната примена на дигиталниот систем, кој овозможува поедноставно, побрзо и правно сигурно ангажирање работници, согласно потребите на компаниите.
На настанот ќе бидат презентирани новите законски решенија и ќе биде организирана практична демонстрација на платформата.

