Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Прилози

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

По контроверзните измени од 2023 година, нова можност да се исправи Кривичниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По контроверзните измени од 2023 година, нова можност да се исправи Кривичниот законик. Овој пат наместо законски решенија зад затворени врати и со злоупотреба на европското знаменце, се најавува широка јавна дебата со вклучување на стручната јавност,  адвокатите, судиите, обвинителите, сите оние кои секојдневно се во судница. По ударот од пред три години кога претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ донесе измени, со кои се амнестираа како нивни, така и други функционери , сега според најавите законските измени нема да се случат преку ноќ.

За луѓето од правната фела, зголемената транспарентност е позитивен сигнал, дека државата може да добие добар Кривичен законик. Адвокатот Драган Пешевски вели дека без консултации со експерти такво нешто е невозможно и ја поздравува најавата за широка дебата.

-Беа вклучување на стручната јавност би било избрзано да се носат измени на Кривичен законик, мада тука гледаме дека се работи за цел нов Кривичен законик. Инаку, без консултирање на стручната јавност видовме што се случи со 353-ката, кога партиите, посебно тогаш владејачката, но мислам дека сепак со амин и на сега владејачката донесоа измени со кои се амнестираа од киривчна одговорност. Се надевам дека оние гласини дека јавноста ќе биде во целост консултирана без да се гласаат било какви измени, тоа е за поздравување, изјави Пешевски.

Реклама

Новиот предлог Кривичен зкаон е објавен на ЕНЕР и секој може да достави забелешки и предлози. Според она што го пишува во новиот текст се предвидуваат казни до 15 години затвор за злоупотреба на службената положба и незаконски постапувања при јавните набавки.

-Имам забележано барем по она што се збореше дека има промени во поглед на фамозната 353-ка, односно злоупотребата на службената положба и овластуање и каде што ќе има злоупотреби против јавните финансии, ќе има драстично зголемување, односно враќање во поранешна состојба малтене на казните кои што беа претходно, што е океј, изјави Пешевски.

Измените се испратени на оценка во Европската Комисија. Новото законско решение нема да важи ретроактивно, односно за кривични дела сторени во минатото. Премиерот Христијан Мицкоски, ги обвини СДСМ и ДУИ дека се себеамнестирале со претходните измени, но и дека политичка аменстија добиле и некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ, со цел тие понатаму да помагаат за уставните измени, како резултат на Францускиот предлог.

Матеја Петровски