Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Прилози

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Закани, притисоци, услови. Ива Михаилова обелоденува дека била контролирана од бугарската тајна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Закани, притисоци, услови. Ива Михаилова обелоденува дека била контролирана од бугарската тајна служба и дека ѝ било укажувано оти постојат работи за кои не смее да зборува, во спротивно би можела да остане без помошта и лекувањето што ги добива во Бугарија. Ова го раскажува во разговор со бугарскиот јутјубер Станислав Цанов, кој објави делови од тајно направени аудиоснимки од разговорите со Михаилова.

Таа открива и дека добивала конкретни насоки за тоа каде и пред кого може да настапува во јавноста. Според нејзиното сведоштво, првото интервју морала да го даде кај новинарот Мартин Карбовски, кој важи за близок до бугарската власт и кој веќе објави разговор со неа и нејзиниот адвокат.

Ми кажаа дека прво ако не снимам кај него, кај и да снимам на друго место, ќе биде избришано и нема да ја примам рехабилитацијата од која што имам не.

Реклама

-Т.е. ти си сеедно актерка кај Карбовски, затоа што си таму не по твоја желба, а зошто…

Да, доста тешки неколку дена беа тука, ама ќе ти раскажувам кога ќе се видиме во живо, што претрпив, така што…

-Што, какво?

Не можам, не можам ништо да зборувам преку телефон.

Цанов ја прашува и како стигнала во Бугарија, откако во  Македонија и биле одземени и македонскиот и бугарскиот пасош. Михаилова вели дека никој од службите не и помогнал, иако токму според неа службите тврдат поинаку. Таа говори и дека од ДАНС постоеле сериозни закани и психичко малтретирање.

Сепак тие раговорот го започнаа дека тие се направиле за мене до сега и поради таа причина редно е јас да ги послушам.

-Или што?

Или нема да е добро за мене. А јас пак мојата иднина ја гледам во Бугарија, не сакам никаде на друго место да одам. Тие можат да ми саботираат се. А толку многу имам да кажам.

По објавените разговори, сосем други зборови на Ива Михаилова на социјалните мрежи. На Фејсбук пишува дека никој во Бугарија не ја принудувал на ништо и од целиот бугарски народ чуствувала поддршка.

-Сакам да нагласам дека никој во Бугарија не ме принудил на ништо. Овде добив помош, грижа и поддршка. Чувствувам поддршката од целиот бугарски народ и тоа ми дава сила секој ден. Не сакам да бидам дел од политички спорови и нема повеќе да коментирам на оваа тема, напиша Михаилова.

Засега нема официјален извештај каква е здравствена состојба на Михаилова од болницата Пирогов во Софија. По бегството од Македонија, таму и беа изврешени прегледи, но што е констатирано никој не кажува.  Во меѓувреме македоското МВР продолжува со истрагата за бегството. Официјално таа нелегално ја минала границата.

-На ни еден граничен премиен и последниот интервал кога е видена од последниот пат кога е видена како се забавува во одерен ноќен бар во Кочани, од тој момент кога излегува од барот, па до моментот кога излегува пред ТВ камери во Бугарија, истата не е забележана на ниту една видео снимка од ниту еден граничен премин, изјави Тошковски.

Михаилова во октомври избега во Бугарија, иако како мерки на претпазливост и беа одземени и македонскиот и бугарскиот пасош. Таа е обвинета за сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип- Кочани, во која животот го загуби 33 годишниот Бесим Дурмиши од скопското село Љуботен. Судот одлучи да и се суди во отстуство, а на последното рочиште беше одбиено нејзиното барање да се брани преку видео врска.

Матеја Петровски