Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Прилози

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Дефибрилатори, ЕКГ-апарати, кислородна поддршка и комплетна опрема за транспорт на пациенти. Со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дефибрилатори, ЕКГ-апарати, кислородна поддршка и комплетна опрема за транспорт на пациенти. Со ваква медицинска опрема се опремени трите нови амбулантни возила кои ги доби штипската Итна медицинска помош. Новите возила ќе ги користат екипите кои секојдневно интервенираат при итни здравствени состојби, но и сообраќајни несреќи, кога секоја секунда е важна за да се спаси човечки живот.

„Во овие возила имаме многу помодерна техника за имобилизација на скршеници, фрактури и други отворени и затворени повреди. Имаме дополнителен санитетски материјал којшто можеме да го користиме, материјал што ќе го користиме за транспортот на пациенти, односно лежај и останати средства. Исто така, за потребите на реанимација секако ќе имаме многу голема потреба и неопходен ќе ни биде дефибрилаторот, како и кислородна поддршка и мобилно ЕКГ“, изјави д-р Сара Николова.

Освен овие три, во наредниот период треба да пристигне уште едно амбулантно возило. Тие се дел од проектот на Министерството за здравство за набавка на 100 нови возила. Со новите возила штипската Итна медицинска помош целосно е екипирана и може да одговори на потребите на пациентите од Штип и Карбинци.

Реклама

„Во моментот располагаме со 11 доктори, 11 возачи и 12 медицински сестри и 6 амбулантни возила. Така што, може еве слободно да кажам дека во овој момент ги задоволуваме стандардите и целосно ја покриваме територијата на населението во општините Штип и Карбинци, односно целата територија што ја покриваме“, изјави д-р Горан Андонов, директор на штипскиот Здравствен дом.

Последен пат штипската Итна медицинска помош вакви амбулантни возила доби пред 14 години. Речиси сите возила се веќе дотраени и амортизирани.

„Возилата во 2012 се биле набавени од влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и сега, по 14 години, повторно се набавуваат нови возила. Тоа покажува дека различен е пристапот, начинот на практикување на власт и дополнително укажува дека оваа влада се грижи пред сè за здравјето на пациентите“, изјави Душко Иванов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Штипската Итна медицинска помош ги покрива општините Штип и Карбинци и за време на викендите имаат најголем број интервенции. Дневно се реализираат по дваесетина домашни посети, а бројот на амбулантски прегледи може да достигне и до стотина.