Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Израелски и американски научници развија нов метод за попрецизно лекување рак на белите дробови

 Научници од Израел и САД тврдат дека развиле нов метод за анализа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Научници од Израел и САД тврдат дека развиле нов метод за анализа на крвта, којшто овозможува попрецизно следење на ракот на белите дробови и одредување на најсоодветниот третман за пациентите, објавија израелските медиуми.

Ракот на белите дробови е најчесто дијагностицираниот вид рак во светот и водечка причина за смртност поврзана со малигни заболувања. Во 2022 година, на светско ниво биле забележани приближно 2,5 милиони нови случаи, што претставува 12,4 отсто од сите новооткриени случаи на рак. Овој вид рак се карактеризира со брзо растење и ширење, а кај многу пациенти се дијагностицира во напредната фаза. Иако туморите често реагираат на третманот во почетокот – намалувајќи се во големина, сепак, болеста често се враќа. Следењето на овие промени претставува предизвик, бидејќи земањето нови примероци од ткивото на туморот не е секогаш возможно. Околу 1,8 милиони луѓе починале како последица на оваа болест. За разлика од повеќето постоечки „течни биопсии“ што откриваат мутации во ДНК на туморот, новиот метод овозможува да ги идентификува гените активни во клетките на ракот. Ова може да им помогне на лекарите во следењето на промените во болеста и во проценката на ефективноста на лекувањето, пренесува БТА. 

Меѓународниот истражувачки тим е предводен од проф. Нир Фридман и д-р Гавриел Фијалкоф од Медицинскиот факултет „Хебрејски универзитет – Хадаса“ во Израел, во соработка со д-р Нобујуки Такахаши и д-р Аниш Томас од Националниот институт за рак на Соединетите Американски Држави, што е дел од Националните институти за здравје (НИХ) во САД.

Реклама

Научниците ги проучувале микроскопските фрагменти што се ослободуваат во крвотокот кога клетките умираат. Овие фрагменти содржат делови од ДНК поврзани со протеини наречени хистони. Хемиските модификации на овие протеини овозможуваат да се утврдат гените коишто биле активни во клетките, од каде што потекнуваат фрагментите.

Користејќи специјализиран метод за генетска анализа познат како „цф-ЧИП-сек“ (cfChIP-seq)“, истражувачите успеале да добијат увид во биолошката активност на клетките на ракот. За разлика од досегашните генетски тестови што откриваат промени во самата ДНК, овој нов пристап открива како клетките ја користат својата генетска информација. Во испитувањата се анализирани 441 примерок од крвна плазма, земени од пациенти со ситноклеточен рак на белите дробови, лица со други видови карцином и здрави доброволци. Истражувачите ги споредија своите наоди со активноста на гените забележана во ткивата на туморот. За анализата беше потребен само околу еден милилитар крвна плазма.

На тој начин, научниците идентификувале молекуларни обрасци својствени за овој вид рак и развиле систем за проценка на степенот до којшто овие обрасци се изразени. Наодите покажале поврзаност меѓу добиените вредности и големината на туморовата маса, утврдена преку сликовни дијагностички методи. По третманот, средните вредности на овој показател се намалиле, што соодветствува со намалувањето на масата на туморот. Повисоките вредности, се наведува, исто така, се поврзани со пократкото преживување на пациентите.

Сепак, според истражувачите, можностите на овој нов метод се прошируваат надвор од самото следење на големината на туморот.

Ракот на белите дробови опфаќа неколку молекуларни поттипови, коишто се разликуваат врз основа на активноста на одредени гени. Овие разлики може да објаснат зошто пациентите различно реагираат на третманот и се важни за развојот на терапии насочени кон специфични поттипови на болеста. Истражувачите открија дека молекуларните сигнали во крвта во голема мера ја одразуваат активноста на клучните гени во ткивото на туморот. Во некои примероци се откриени признаци својствени за повеќе од еден поттип, што укажува дека методов може да ги идентификува разликите меѓу клетките на карциномот најдени во различни делови од телото. Ова претставува предност во однос на вообичаените биопсии, коишто даваат информации само за конкретното место од каде што е земен примерокот ткиво.

Крвта може да содржи материјал ослободен од тумори што се наоѓаат во различни делови од телото, со што се добива посеопфатна слика за напредувањето на болеста. Доколку делотворноста на новиот метод се потврди во натамошните истражувања, овој тест би можел да им помогне на лекарите да го следат одговорот на телото на третманот, да откријат промени во биолошките својства на туморите и да идентификуваат различни поттипови рак, без потреба од повторени инвазивни биопсии.

Сепак, научниците нагласуваат дека се потребни дополнителни истражувања пред овој метод да може да се користи во клиничката пракса за насочување на изборот на третман или како замена за сегашната биопсија.