Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Во Прилеп и Битола комеморации за жртвите од Првата светска војна и сите војни

– Амбасадите на Франција и на Германија во земјава, по повод Денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Амбасадите на Франција и на Германија во земјава, по повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост, денеска заеднички ќе го одбележат споменот на жртвите од Првата светска војна и од сите војни.

Како што информираат од амбасадите, комеморациите ќе бидат посветени на сите загинати, ранети, исчезнати и раселени лица, како и на жртвите на насилство од сите војни и сите народи.

Комеморација ќе се одржи во 10 часот на Германските воени гробишта во Прилеп, а во 12 часот на Француските воени гробишта во Битола.

Реклама

Со заедничкото одбележување, двете амбасади ќе им оддадат почит на жртвите и ќе го потврдат сеќавањето на страдањата предизвикани од војните.