Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Свечена изјава на новоизбраната шефица на ОЈО ГОКК Искра Хаџи Василева

Новоизбраната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новоизбраната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје Искра Хаџи Василева денеска треба да даде свечена изјава за стапување на функцијата пред Советот на јавните обвинители на Македонија.

Искра Хаџи Василева беше избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче на изборите одржани на 28 октомври годинава.

За функцијата се кандидираа пет јавни обвинители: Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Реклама

Василева, претставувајќи ја својата програма пред Советот на јавните обвинители, на 13 октомври истакна дека фокусот на ова Обвинителство мора да биде насочен кон борбата против корупцијата и организираниот криминал, кои го зафаќаат поширокиот јавен интерес, го нарушуваат мирот на граѓаните и го оневозможуваат прогресот.

Изборот се спроведе поради истекувањето на мандатот на актуелниот раководител на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година. Огласот за избор беше објавен во „Службен весник“ на 21 август годинава.