Реклама

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Македонија

Јаковлева: Агенцијата за разузнавање немаше сознанија што би наложиле известување на државниот врв за Алта банка

Агенцијата за разузнавање во периодот на влез на Алта банка во државата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за разузнавање во периодот на влез на Алта банка во државата не располагала со разузнавачки сознанија што би укажувале на безбедносни закани или ризици што би наложиле известување на државниот врв – истакна директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева на надзорната расправа во Собранието посветена на работењето на Алта банка.

Одговарајќи на прашања на пратениците, Јаковлева нагласи дека пред секоја информација да биде доставена до надлежните институции, таа минува низ процес на проверка и евалуација.

– Во моето излагање кажав дека во моментот немавме информации кои ги споделивме до државниот врв конкретно. Пред да се споделат одредени информации, следи сериозна фаза на нивна евалуација, задолжителна проверка на нивната точност и веродостојност, како и оцена на релевантноста на изворите. Не биле исполнети условите за задолжително известување на државниот врв поврзано со Алта банка – рече Јаковлева. 

Реклама

Таа посочи дека Агенцијата останува посветена на следење на сите појави што може да имаат влијание врз националната и економската безбедност и дека е подготвена во затворен формат да сподели дополнителни информации со надлежната собраниска комисија.

На дополнително прашање од пратеничката Славјанка Петровска дали Агенцијата располага со сознанија за контакти на лица од политичкиот, бизнис или медиумскиот сектор во земјава со Давор Мацура во врска со Алта банка, Јаковлева рече дека нема такви конкретни информации.

– Во овој случај можам да кажам дека немаме конкретни информации кои би можеле да ги споделиме во однос на конкретни активности. За сите активности кои ги следиме сме координирани со безбедносните институции во државата и со меѓународните партнери – истакна директорката на Агенцијата за разузнавање. 

Таа потсети дека Агенцијата нема извршни овластувања, туку улога во навремена размена на информации и рано предупредување, а сите релевантни сознанија ги споделува со институциите што имаат законски надлежности да постапуваат.

Одговарајќи на прашање на пратеничката Лидија Петковска за пошироката безбедносна состојба, Јаковлева рече дека Агенцијата ги следи последиците од војната во Украина, состојбите на Блискиот Исток, регионалните политички кризи, странските влијанија, хибридните закани, тероризмот, кибербезбедноста и енергетската и економската безбедност.

Според неа, размената на информации со НАТО и партнерските служби е континуирана и претставува клучен елемент во обезбедувањето навремени и проверени информации за државниот врв.

На почетокот од своето обраќање, Јаковлева истакна дека Агенцијата за разузнавање како надворешна разузнавачка служба е надлежна да собира, анализира и проценува информации од значење за националната безбедност, надворешната политика, одбраната и економските интереси на државата, притоа постапувајќи согласно начелата на законитост, објективност и политичка неутралност.