Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Форум на младите во Охрид, барања за поголема институционална и финансиска поддршка

Грижата за младите мора да биде институционална и финансиски поддржана, а општините…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грижата за младите мора да биде институционална и финансиски поддржана, а општините треба да обезбедат соодветни услови за нивно организирање, развој и активно учество во општеството, беше истакнато на четвртиот Национален форум за младинска работа што се одржува во Охрид.

Директорот на Коалицијата на младински организации СЕГА, Зоран Илиески, посочи дека спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики, донесен во 2020 година, во голема мера зависи од политичката волја на локалните власти. Според него, сè уште мал број општини посветуваат доволно внимание на потребите и гласот на младите.

– Грижата за младите мораме да ја сфатиме како институционална. Не само државата, туку и локалната самоуправа треба да покаже подготвеност – и институционална и финансиска. Младинските центри што немаат или имаат многу мала финансиска поддршка од општините стагнираат. Без финансиска поддршка ништо не може да биде функционално- истакна Илиески.

Реклама

Тој упати порака до градоначалниците, советниците и кандидатите за членови на општинските совети сериозно да го земат предвид гласот на младите.

– Треба да го препознаат гласот на младите како важен и неопходен, да ги слушнат нивните потреби и да им покажат дека се важни за општината и за државата- рече Илиески.

Тој информира дека годинава за првпат ќе бидат доделени осум признанија „Младински пријателски град“, по едно за секој плански регион. Признанијата се засноваат на податоци за спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики, а целта е да ги поттикнат и другите општини да ги унапредат условите за младите, да формираат локални младински совети и младински центри.

Меѓу наградените е и Општина Охрид, која го доби признанието за Југозападниот плански регион.

Градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека признанието претставува потврда за досегашната работа на Општината, но и дополнителна одговорност за продолжување на активностите за подобрување на условите за младите.

– Поддршката на младите не е само законска обврска, туку стратешка определба и инвестиција во иднината на локалната заедница. Охрид е град кој својата иднина ја гледа во младите генерации- рече Пецаков.

Тој потсети дека во 2022 година во Охрид беше отворен Младинскиот центар, кој претставува простор за младинско организирање, неформално образование, развој на вештини, волонтерство и активно учество во општествените процеси. Воспоставени се и Локалниот совет на млади и Локалното младинско собрание, а донесена е и Локална стратегија за млади.

Како следен значаен чекор, Пецаков го најави отворањето на Младинскиот културен центар во објектот на поранешната касарна. За таа намена веќе е реализиран јавен конкурс за идејно архитектонско решение, кое ќе биде основа за следните фази на проектот.

– Имаме визија да создадеме место кое ќе им припаѓа на младите. Простор во кој ќе се раѓаат нови идеи, ќе се развиваат таленти, ќе се создаваат културни содржини и ќе се поттикнува младинската креативност- истакна градоначалникот.

За потребата младите да добијат поголеми можности за учество во општеството и во процесите на одлучување говореше и шефицата на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во Северна Македонија, Билјана Цветановска Гугоска.

Таа истакна дека новите генерации сè повеќе се активираат околу теми што им се важни и нивното учество не се сведува само на гласањето на избори.

– Новите генерации сè повеќе сакаат да се активираат околу посебни теми што им значат и се многу поактивни отколку само преку гласање на демократски избори. Токму младинските совети и младинските центри им овозможуваат да ги практикуваат своите активности- рече Цветановска Гугоска.

Таа оцени дека ваквите форуми се важна можност за дијалог меѓу централната и локалната власт и младите, а го нагласи и значењето на донесувањето закон за младинска работа, кој УНФПА активно го поддржува. Според неа, демографските показатели укажуваат дека младите сè почесто ја напуштаат земјата, поради што е неопходно да се инвестира во создавање економски можности, но и во нивно поголемо демократско учество во носењето одлуки на централно и локално ниво.

– Потребно е да се инвестира што е можно повеќе во спречување на иселувањето на младите луѓе, преку создавање можности, пред сè од економски карактер, но и преку нивно демократско учество во носењето одлуки, како на централно, така и на локално ниво- посочи Цветановска Гугоска.

На предизвиците со кои се соочуваат младите се осврна и Ана Чернишова од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), посочувајќи ги вработувањето, сигурноста на работните места, здравјето и учеството во општествените процеси како важни прашања за нивната иднина.

Таа нагласи дека е потребно да се создадат услови младите да сакаат да останат во својата земја, да придонесуваат за нејзиниот економски развој и да имаат квалитетен живот.

– За нас и за Владата на Македонија, поддршката на младите е од исклучителна важност. Знаеме дека главните предизвици се вработувањето, сигурноста на работните места, здравјето и нивната вклученост во општествениот живот- истакна Чернишова.

Таа посочи дека младите треба да бидат вклучени во сите фази на процесите на одлучување и креирање политики, а ги истакна и активностите на УНДП за поддршка на младинските иницијативи, вклучително и во областа на климатските прашања и активизмот.

Поддршката за младинските работници преку обуки и неформално образование ја истакна и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, Ана Михајлов.

– Преку програмите на Агенцијата ги вклучуваме младинските работници во неформалното образование, за да можат да посетуваат обуки и да стекнуваат компетенции важни за нивниот ангажман на локално и национално ниво- рече Михајлов.

Таа ја нагласи и важноста на соработката меѓу институциите на национално и локално ниво и невладиниот сектор, посочувајќи дека преку дијалог и слушање на гласот на младите може да се создадат услови за нивно поактивно вклучување во општеството.

Националниот форум за младинска работа ги обединува претставниците на младинските организации, младинските центри, општините, институциите и меѓународните организации, со цел да се отворат прашања поврзани со младинските политики, учеството на младите и поддршката за нивниот личен и професионален развој.