Кавадарци добива нови детски игралишта во населбата Бел Камен и на спојот на Западен булевар со улицата Ресавска, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
– Во тек се активностите за изградба на нови детски игралишта во населбата Бел Камен и на спојот на Западен булевар со улица Ресавска. Игралиштата ќе бидат опремени со гумена подлога и детски реквизити, со што ќе се создадат безбедни и уредени простори за игра, забава и дружење на најмладите – соопштија од кабинетот на Јанчев.
Изведувач на градежните работи е компанијата „Теракота“ од Прилеп.
Од кабинетот на градоначалникот посочуваат дека со изградбата на новите игралишта Општината продолжува да вложува во подобрување на условите за децата и создавање повеќе можности за активна игра и социјализација.
– Со изградбата на нови детски игралишта создаваме подобри услови за нашите деца, поттикнуваме активна игра и дружење и вложуваме во посреќно и побезгрижно детство. Грижата за најмладите е вложување во нашата иднина – порачаа од кабинетот на Јанчев.

