Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Комисијата за финансирање и буџет ја почна надзорната расправа за Алта банка

Комисијата за финансирање и буџет ја почна надзорната расправа за Алта банка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за финансирање и буџет ја почна надзорната расправа за Алта банка, на која треба да се разгледаат околностите што довеле до воведување администрација во банката, улогата на Народната банка во постапката, како и одговорноста на надлежните институции.

На седницата се поканети сведоци, овластени претставници и експерти од областа, членовите на Комисијата, нивните заменици и други пратеници, претседателот на Собранието, Африм Гаши, потпретседателите на Собранието, Антонио Милошоски, Весна Бендевска и Јован Митрески, координаторите на пратеничките групи, гости на Комисијата за финансирање и буџет, како и претставнии од НДИ во Скопје.

Прв поканет сведок е премиерот Христијан Мицкоски, кој има пет минути да се обрати пред Комисијата.

Реклама

– Овој настан е од особено значење за граѓаните и Собранието. Очекувам расправата да привлече внимание кај јавноста и засегнатите страни, како и да одговори на одредени прашања што се во нивен интерес. Во согласност со Деловникот, расправата се одржува за да се добијат информации и стручни мислења во врска со утврдувањето и спроведувањето на политиката, извршувањето на законите и другите активности на Владата и органите на државната управа. Сведокот има пет минути излагање на темата што е предмет на надзорната расправа по што следуваат десет минути за поставување прашања од страна на пратениците. Овластениот претставник има право на одговор во времетраење од 15 минути, а прашања до сведоците ќе поставуваат пратеници според претходно утврден редослед. Во текот на расправата може да се постави дополнително прашање во времетраење од три минути, а одговорот може да трае најмногу шест минути. Апелирам, поканетите гости да одговараат на темата во своите искази и одговори, а колегите пратеници да поставуват прашања во врска со темата на расправата – рече претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска.

На седницата биле поканети и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вицегувернерката Арлинда Хасани -инани и Фросина Целеска, директор на Дикрекцијата за банкарска регулатива, но поради неодложни ангажмани, тие се спречени да дојдат и да се обратат, а своето отсуство уредно го пријавиле. Според Лукаревска, нивните искази ќе бидат дополнително закажани.

Во согласност со агендата на надзорната расправа, по Мицкоски, треба да зборуваат гувернерот Трајко Славески, министерката за финансии – Гордана Димитриеска-Кочоска, вицегувернеите Ана Митреска и Игор Величковски, Габриела Јаковлева, директорката на Агенцијата за разузнавање – Габриела Јаковлева, Илија Андовски – привремен администратор на Алта банка, државниот јавен обвинител – Ненад Савески, директорот на Управата за финансиско разузнавање – Кујтим Ибиши и Ели Дракуловска – претседател на Советот на експертите на Агенцијата за супервзија на осигурувањето.