На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска ќе се одржи 12. студентска конференција „Како си ми?“ која ќе има програма во три сесии со излагања и дискусии.
На отворањето пригодни обраќања ќе имаат деканот на Филолошкиот факултет, проф. д-р Владимир Мартиновски, и проф. м-р Ивана Дуцкиноска-Михајловска.
Во рамки на конференцијата ќе биде промовиран и десеттиот зборник „Како си ми?“.

