Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Бизнис форум: Потенцијалот на Македонија се луѓето – нивните идеи и храброста да создаваат вредност надвор од границите

Македонија е мала земја, но со голем потенцијал. Потенцијалот се луѓето –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е мала земја, но со голем потенцијал. Потенцијалот се луѓето – нивните идеи и храброста да создаваат вредност надвор од нашите граници. Да ја искористиме оваа сила што ја имаме дома, да создадеме успех што ќе се препознае. Да не чекаме светот да ги открие нашите можности, да бидеме тие што ќе му ги покажат, порачаа денеска учесниците на првиот Global Trade and Growth Forum што се одржува во Скопје.

Како што беше речено, имаме квалитетна понуда, претприемачки дух и стратешка положба на важни европски транспортни коридори. Можеби немаме море, но тоа не значи дека немаме пат до светот.

Под мотото „Локална сила, глобално влијание”, форумот треба да го поттикне дијалогот помеѓу јавниот и приватниот сектор и да ги доближи меѓународните, особено швајцарските искуства до домашната бизнис заедница.

Реклама

– Поврзаноста денес не е само прашање на транспорт и на инфраструктура, туку е предуслов за трговија, конкурентност и економски раст. Денес, повеќе од кога било, ниту една економија не расте сама. Во свет во кој пазарите се сè поповрзани, а конкуренцијата сè поголема, успехот не зависи само од тоа што можеме да создадеме, туку и од тоа колку далеку можеме да стигнеме. Македонија е веќе дел од таа приказна и има што да му понуди на светот. Дел од нашите производи се добро познати и препознатливи во светот, а други се дел од глобалните синџири на производство, вградени во производи што секојдневно ги користат милиони луѓе. Но, можеме многу повеќе. Токму за тоа разговараме. Како да создадеме повеќе можности за трговија, инвестиции и економски раст и како уште посилно да ја поврземе Македонија со светот. Поврзувањето со светот создава можности. Низ годините соработувајќи со различни компании одблиску видов колку знаење и посветеност постојат кај нас. Затоа, длабоко верувам дека нашиот потенцијал се луѓето – нивните идеи и храброста да создаваат вредност надвор од нашите граници. Но, добрата идеја е само почеток, истакна генералната директорка на МСЦ Северна Македонија и потпретседател на СвисЧем во нашата земја, Сања Радовановиќ.

Според претседателката на СвисЧем, Соња Стевановска, Македонија има талентирани луѓе, амбициозни компании и значаен потенцијал.

 -Швајцарија е инспиративен пример за таа како една релативно мала земја може да изгради глобална конкурентност преку иновации, стабилност, силни институции и посветеност на квалитетот. Од меѓународната трговија и логистика, преку инфраструктура и извозната конкурентност, до дигиталната трансформација, денешните дискусии ќе бидат насочени кон тоа како предизвиците да ги претвориме во можности, а идеите во конкретни активности, нагласи Стевановска. 

Форумот се организира со поддршка на Швајцарија, преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), со придонес на програмите IME, SIPPO и SwissEP.

Покрај бизнисмени и претставници на дипломатскиот кор, присуствува и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, како учесник на панел.