Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Комунална хигиена: Расчистени 905 кубни метри мешан отпад и исчистен просторот под Камениот мост

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје извршиле целосно расчистување и рачно миење на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје извршиле целосно расчистување и рачно миење на целокупниот простор под Камениот мост во Скопје.

Во рамки на редовните активности биле отстранети и вкупно 905 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – вкупно 190 кубни метри, е расчистено во општината Ѓорче Петров.

-Претпријатието подигна и транспортира приближно 3 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Воедно продолжи и замената на старите и дотраени контејнери со новите садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, при што во моментов се заменети вкупно 700 контејнери – информираат од ЈП „Комунална хигиена“ Скопје.

Реклама

Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје минатата недела изготвила 25 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници, вкупно десет, биле врачени на територијата на Чаир. 

Со еко-работилници во градинката „Снежана“ лоцирана во општината Чаир, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги започна едукативните активности за правилно постапување со отпадот за учебната 2026/2027 година.  Во работилниците, како што информираат, учествувале вкупно 150 дечиња од двата објекта на градинката, коишто се запознале како правилно да го одлагаат отпадот и да ја вршат неговата примарна селекција и како се одвива процесот на рециклирање и реупотреба на комуналниот отпад.