Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на „Пулс“ и поврзаните фирми

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против шест лица за поткуп, злоупотреба на службената положба, одавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на Управата за јавни приходи во дискотеката „Пулс“ во Кочани и во други поврзани фирми.

Државното Јавно обвинителство соопшти дека обвинителен акт за кривично дело примање поткуп е поднесен против двајца даночни контролори, од кои, како што наведува, еден е обвинет за две вакви дејства. Тие од третото лице, обвинето за кривично дело давање поткуп, побарале и примиле очила и рачен часовник, со цел да го информираат за ненајавени вонредни контроли во фирмите во кои тој бил одговорно лице.

– Иако биле свесни дека во согласност со законот не смее да одаваат информации што ги спознале во врска со даночната постапка, првиот обвинет сепак го информирал третиот обвинет преку вибер-пораки за дејствата на УЈП и МВР во врска со наведените фирми правејќи со тоа и продолжено кривично дело – одавање службена тајна од член 360 од Кривичниот законик. Двајцата даночни контролори се обвинети и за злоупотреба на службената положба и овластувањето бидејќи при извршена контрола во правниот субјект, во кој одговорно лице бил третиот обвинет, на 6 март 2024 година утврдиле даночни неправилности и нерегистриран промет, но во записникот не ја внеле откриената незаконитост. Со ова на буџетот му нанеле шета од 98.400 денари, кои останале како ненаплатена глоба кај прекршителот – информира Обвинителството. 

Реклама

Со цел да ги покрие незаконитостите утврдени при контролата, вториот обвинет сторил и кривично дело фалсификување службена исправа, односно го фалсификувал службениот извештај за контролата.

– Против дополнителни четворица даночни контролори и инспектори до судот е поднесен обвинителен предлог за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Од нив еден е обвинет и за фалсификување исправа. Дополнително, една вработена во Државниот пазарен инспекторат сторила дело одавање службена тајна откривајќи информации кога ќе се реализираат акциските контроли. Обвинетите контролори и инспектори од УЈП вршеле даночни контроли кај правни субјекти во кои како реален сопственик се јавува шестиот обвинет, татко на лицето претходно обвинето за давање поткуп. Меѓутоа, констатираните неправилности не ги евидентирале и фалсификувале извештаи за извршените надзори. Со тоа на фирмите не им се наплаќале законски предвидените глоби. Во дејствата на злоупотреба им помогнал и самиот реален сопственик, кој е шести обвинет во случајот – соопшти ЈОРСМ.

Кривичната пријава за злоупотреба на службената положба, се додава во соопштението, опфаќаше уште четири лица, „од кои за две е запрена постапката поради застареност, а за две се утврди дека немаат дејства на наведеното дело или на друго дело што се гони по службена должност“.