Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради посета на делегација од Република Косово.
– Денеска во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу. Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје – информираа од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР апелираа до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

