Почитувани мои сограѓани, денес со мене е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Бевме во теренска посета во неколку населени места, Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница. Најнапред сакам да се заблагодарам на претседателот што ми ја дава поддршката за сите проекти коишто се во фаза на реализација, а тоа се неколку коишто ги набројавме претходните денови, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, интегрален текст од изјава на Стојанчо Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница.
Благодарност до сите граѓани коишто ми ја доверија довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот изборен круг, очекувам и победа да славиме сите заедно.

