Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВРЕДИ: Растот на минималната плата од 67 отсто ја покажува разликата меѓу двете владеења

ВРЕДИ оценува дека растот на платите останува едно од клучните прашања за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВРЕДИ оценува дека растот на платите останува едно од клучните прашања за подобрување на животниот стандард на граѓаните, а податоците за минималната плата покажуваат зголемување на номиналните приходи на работниците во периодот 2024-2026 година – стои во соопштението на ВРЕДИ.

Според податоците објавени од министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, минималната нето-плата од 22.567 денари во 2024 година се зголемила на 24.379 денари во 2025 година, додека во 2026 година изнесува 26.046 денари. Вкупното зголемување изнесува 3.479 денари.

Во споредба со периодот 2016-2018 година, кога минималната плата се зголемила од 10.080 на 12.165 денари, односно за 2.085 денари, номиналниот раст во првите две години од актуелниот мандат е за 67% повисок, односно за 1.394 денари повеќе.

Реклама

По податоците за просечната плата, и овие бројки го ставаат во фокус прашањето за приходите на работниците и нивната куповна моќ. За ВРЕДИ е важно економскиот раст и политиките за платите да се одразат во секојдневниот живот на граѓаните и во можноста на семејствата да ги покриваат животните трошоци.

Разликата меѓу двата периода се гледа преку конкретните бројки.

ВРЕДИ останува посветен на политики насочени кон зголемување на платите, подобрување на условите за работа и унапредување на животниот стандард. Целта е приходите на работниците да продолжат да растат, а економското подобрување директно да го почувствуваат граѓаните.