Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

МОН за „Стив Наумов“: Залудни се обидите на СДСМ за дискредитација на работата на Министерството и за поттикнување незадоволство кај студентите

По сите неостварени ветувања на СДСМ за подобар студентски стандард во период…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По сите неостварени ветувања на СДСМ за подобар студентски стандард во период од седум години, дури и ветувања за изградба на нов „студентски град“, Министерството за образование и наука со поддршка од ЕУ во јули 2024 година ја започна и неодамна ја заврши реконструкцијата на државниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје – се вели во соопштението на МОН, по обвинувањата на СДСМ.

Оттаму велат дека тоа е првиот од вкупно девет домови кои ќе бидат темелно и енергетски ефикасно реновирани во текот на мандатот на актуелната Влада. Отстапки нема да има, младите се во фокусот на политиките на МОН.

-Истата политичка партија, денес без нималку срам обвинува дека условите во реновираниот дом во скопска Автокоманда, не се соодветни. Ги покануваме кога сакаат, да влезат и да направат увид, но и споредба со објектите кои тие ги имаат „изградено или реконструирано“ во време на нивниот мандат и да дадат оценка на успешноста на завршената работа. Дела не се споредуваат со нула реализирани ветувања. Четири министри во време на нивниот мандат, не успеаја да сврзат две цигли – наведува МОН во соопштението.

Реклама

Оттаму посочуваат дека изолирани ситуации во реновираниот дом може да настанат сами по себе, но објектот е под гарантен рок и изведувачот постапува и ги санира.

-Но, несакани ситуации може да бидат предизвикани и од корисници, за што апелиравме на одговорно користење при самото пуштање на објектот. Раководството на домот се соочи со запушена канализација поради фрлени влажни марамици; активиран алармен систем поради заборавена храна во вклучена микробранова печка во чајна кујна, како и поради запалена цигара во соба; откорнат радијатор; паркирани автомобили на зелени површини во дворот на домот… Сите ситуации се надминати – децидни се од МОН.

Истакнуваат дека условите во „Стив Наумов“ се одлични, а храната согласно пропишани нутритивни стандарди и тоа може да се види во секое време. Според МОН, залудни се обидите на СДСМ за дискредитација на работата на Министерството за образование и наука и за поттикнување незадоволство кај студентите.

-Така можат со своето членство, но пошироката јавност не верува на нивните приказни. Конечно, однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот – лицемерие – додава МОН во соопштението.