Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Саем за воздухопловство и едукација „Скопје ер фер 2026“

Шестото издание на воздухопловно-едукативниот саем „Скопје ер фер 2026“ (Skopje air fair…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шестото издание на воздухопловно-едукативниот саем „Скопје ер фер 2026“ (Skopje air fair 2026), чија цел е да го доближи воздухопловството до пошироката јавност и особено до младите, ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје, во реонот на „Вембли“.

Организатор на настанот е Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“, кое посочува дека саемот е единствен од ваков тип во регионот и претставува можност младите одблизу да се запознаат со можностите за образование и кариера во воздухопловството.

-Сакаме да ги скршиме сите стереотипи поврзани со воздухопловството – дека тоа е апстрактно, недостижно или резервирано за одредени луѓе со врски. Воздухопловството е отворено, динамично и нуди бројни реални кариерни можности – порачуваат од „Авикон“.

Реклама

Посетителите ќе имаат можност да видат хеликоптер на Хеликоптерската единица „Јастреби“ на Министерството за внатрешни работи, како и да разговараат со претставници на воздухопловни компании, образовни институции, аероклубови и професионални здруженија од земјава и од странство.

На саемот ќе учествуваат ТАВ Македонија, „Виз ер“, Европскиот авијациски институт (European Aviation Institute) од Романија, Воздухопловната академија од Белград, Глобал евиејшн (Global Aviation) од Грција, Глобал Меинтенанс (Global Maintenance) од Бугарија, Здружението на контролори на летање, Здружението на воздухопловни метеоролози, Воздухопловната федерација на Македонија, Аероклуб Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и други организации и компании од областа.

Од „Авикон“ ги повикуваат учениците, студентите, љубителите на технологијата и сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот, кој ќе почне во 11 часот.