За нешто повеќе од една година Македонија, станува енергетски транизтен коридор на Европа. На почетокот на 2028-ма, низ државава ќе протече гасот од Грција и преку Србија ќе заврши во Централна и Источна Европа. Покрај гасот, низ истите цевки ќе поминува и горивото на иднината, водородот. Според „парискиот договор за климатски промени“, во 2050 година, токму овој енгргенс како најчисто гориво треба да го замени гасот. Неколку пати експерти за Алфа потенцираа дека Македонија и официјално станува важна европска рута на енергетската стабилност во регионот и на стариот континент. За ова стаса потврда и од министеркта за енергетика Сања Божиновска, која соопшти дека до средината на 2027 година треба да биде завршен проектот за гасно поврзување, а целосното поврзување треба да биде неколку месеци подоцна. За овој проект, државата обезбедила пари од ЕБОР, и успеала да заштеди 10.5 милиони евра, во однос на тендерот кој бил распишан во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ, кој пропаднал од неразбирливи причини за министерката, по доаѓањето на сегашната власт. Но, како што вели таа во емисијата „меѓу редови“ што се емитува на Алфа, со силна поддршка од САД, Македонија е ставена на мапата на енергетска раскрсница во Европа и е обезбедена силна поддршка за главниот коридор кој сега поврзува два снабтителни центри со гас, од Бугарија и Грција. На овој начин Македонија има два извори на гас, но и можност да заработува од транзитот на истиот.
Од Грција од Александропулос, може да се набавува течен гас и ние веќе нема да биде прескокнати, ќе бидеме ернгетски центар, крстосница, значи од југ кон свер и ние ќе бидеме држава од која Европа ќе се снабдува со гас. Нашите цевки се спремни за водород и може да кажеме дека сме на мапата на Европа, никој не не прескопкнува, секаде каде што се говори за енергетиката сме присутни и рпеку нас ќе се снабдува Централна и источна европа со гас. Делот на Македонија е 23 килмотри, далеку помал отколку грчкиот и јас се надевам дека крајот на 2027, најкасно почлетокот на 2028 се ќе биде готово, со што Македонија че биде и транзитна држава и ќе имаме и за нас гас“, ијзави Божиновска.
Но, за целосна енергетска независност и извозник на енергија, во Македонија се работи на целосно затворање на енергетската приказна. Македонија веќе е лидер во регионот по производство на струја од обновливи извори на енергија, но истата засега нема можност да биде испорачана на меѓунардониот пазар, онакака како што предвидуваат правилата. Причина се немањето преносен капацитет, но и низата законски измени кои треба да се направат, откако се донесоа законите за енергетика и закон за обновливи извори. Но сега се работат подзаконски акти кои треба за еден месец да се готови и од почетокот на следната година да се имплементираат. На овој начин Македонија ќе може да внесе европски искуства, да се одвои произведена струја од фосилни горива и струја од обновливи извори и истата да се сертифицира како таква. Министерката Божиновска, вели дека веќе се работи на целосно поврзување и со Албанија, со што Македонија и официјално ќе биде поврзана со Европа. Паралелно државава води преговори и за уште еден коридор за пренос на струја со Грција и со Косово, со што Македонија обезбедува сигурна и стабилна мрежа за пласман на сопствената струја.
„Значи тие интер конекции ќе бидат реалност. Бидејќи имаме голем број на обновлиби извори паралелно ќе работиме и на зајакнување и на нашата мрежа. Тоа значи дека ќе можеме да примиме и повеќе обновливи извори, а со новиот закон за енергетика прва пат беше овозможено и системи за складирање, познати како батерии, а ќе имаме и повеќе батерии. А сетоа тоа ќе биде инсталирано, а за пет години се надевам дека сите закони што ни се во план да се донесат и ќе бидат донесени“, рече Божиновска.
Покрај енергетиката, Македонија силно вложува и во законските имзени за заштита на животната средина. Поради се поголемиот недодасток од ретки минерални суровини во Европа, кои за среќа ги има во Македонија, Божиновска потврди дека сега се прават нови закони со кои акцент ќе се стави на максимална заштита на животната средина, пред да се издадат одобренија или концесиии за отворање нови рудници.

